Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)?

Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите масти го имаат спротивниот ефект. А, не треба да претерувате ни со едните, ни со другите.

koja-e-razlikata-pomegju-zdravi-i-nezdravi-masti-i-koja-hrana-gi-sodrzhi-01.jpg

Ако внимавате на исхраната, сигурно сте слушнале изрази како „здрави масти“, „лоши масти“, „трансмасти“ и слично.

И, можеби сте збунети за нивното значење, особено кога ќе слушнете дека мастите можат да бидат лоши, но сепак се неопходни за нормално функционирање на организмот.

Во продолжение погледнете која е функцијата на мастите, но и која е разликата помеѓу „добрите“ и „лошите“ масти:

Зошто на телото му се потребни масти?

Мастите се важни за правилна функција на организмот.

Но, ако внесувате повеќе отколку што му се потребни на телото, тие почнуват да се таложат во форма на сало, односно масни наслаги.

И масните наслаги му се потребни на телото, но кога ги има премногу, стануваат причина за бројни проблеми, како болести на срцето и дебелина.

Постојат неколку причини зошто треба да внесуваме масти:

  • Мастите му помагаат на организмот да ја одржува температурата
  • Мастите ни даваат енергија
  • Мастите имаат удел во лачењето одредени хормони
  • Мастите помагаат во апсорпција на витамините А, Д и Е

koja-e-razlikata-pomegju-zdravi-i-nezdravi-masti-i-koja-hrana-gi-sodrzhi-02.jpg

Какви видови масти постојат?

Мастите можат да се поделат во четири главни категории:

  • Мононезаситени масти
  • Полинезаситени масти
  • Заситени масти
  • Трансмасти

koja-e-razlikata-pomegju-zdravi-i-nezdravi-masti-i-koja-hrana-gi-sodrzhi-03.jpg

Кои се здрави масти?

За здрви масти се сметаат мононезаситените масти и полинезаситените масти.

Овие два вида масти, покрај придобивките што ги спомнавме погоре, помагаат во одржувањето на здравото ниво на холестерол во крвта.

Полинезаситените масти, пак, го снабдуваат телото со омега-3 и омега-6 масни киселини кои нашиот организам не може да ги направи сами.

Храна богата со мононезаситени масти:

  • путер од кикиритки
  • бадеми
  • индиски ореви
  • лешници
  • кикиритки
  • маслиново масло
  • маслинки
  • авокадо

Храна богата со полинезаситени масти:

  • риба како лосос
  • сончогледово масло
  • некои јаткасти плодови како ореви и семки од сончоглед

koja-e-razlikata-pomegju-zdravi-i-nezdravi-masti-i-koja-hrana-gi-sodrzhi-04.jpg

На следната страница погледнете кои се нездрави масти...



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg