Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)?
Кои се нездрави маси?
Заситените и трансмастите спаѓаат во категоријата нездрави масти.
Тие можат да го зголемат нивото на холестерол во крвта. Ова, пак, го зголемува ризикот од мозочен удар и инфаркт.
Ако намалите со заситени и трансмасти, не само што ќе го подобрите здравјето на срцето, туку и полесно ќе ја контролирате тежината.
Храна која содржи заситени масти:
- Преработено месо како сланина и плескавица
- Тврди кашкавали како чедар
- Полномасно млеко
- Путер
- Палмино и кокосово масло
Храна која содржи трансмасти:
- Пржена храна
- Слатки како торти и пити
- Печива
- Маргарин
Колку масти треба да јадете?
Кога станува збор за нездрави масти, ограничете ги што е можно повеќе.
Односно, повремено слободно јадете храна со нездрави масти, но бидете умерени.
Генерално, не ги надминувајте следниве бројки на дневно ниво:
- Мажи – помалку од 30 грама заситени масти и помалку од 5 грама трансмасти
- Жени – помалку од 20 грама заситени масти и помалку од 5 грама трансмасти
Што се однесува до храна со здрави масти, таа треба да сочинува околу 30% од храната што ја внесувате во тек на ден.
Како да го намалите внесот на нездрави масти?
Не мора да бидете престроги со вашата исхрана, туку важно е да бидете умерени.
Совети кои можеби ќе ви бидат од корист:
1. Гответе со зеленчуково масло, како маслиново или сончогледово, наместо со путер или животинска маст.
2. Мерете го количеството масло што го користите со лажица.
3. Наместо мајонез, почесто користете намази како хумус или путер од јаткасти плодови.
4. Намалете го внесот на преработено месо и повеќе внесувајте пилешко или риба.
5. Наместо чипс, почесто грицкајте свеж зеленчук.
6. Јадете млечни производи со помала масленост.
7. Проверувајте го количеството масти на храната што ја купувате за да имате подобра претстава колку внесувате.
Спирова С. | Црнобело