Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето?

Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната маса и да јадете протеини, за во подоцнежните години да имате повеќе сила, но и да избегнете цела низа проблеми, вклучувајќи вкочанетост и болки низ телото.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-01.jpg

Исхраната е клучна кога станува збор за здравјето, но и младешкиот изглед.

Ако не обрнувате внимание на храната, можете да го зголемите ризикот од цела низа болести, како проблеми со срцето, инфаркт, па и мозочен удар и деменција.

А, кога имате проблеми со здравјето, нормално и дека нема да изгледате најдобро и можно е да делувате и постаро отколку што навистина сте.

Нутриционистката Федерика Амати, за Daily Mail сподели план за исхрана за секоја деценија од животот, кој ќе ви помогне да ги одржите здравјето и младешкиот изглед и во подоцнежните години од животот.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto02_copy_copy.jpg

Таа истакнува дека никогаш не е доцна за промена и дури и ако почнете да внимавате на исхрана по 40-тата година, можете да забележите разлика.

Па, што да јадете во секоја деценија од животот?

Тинејџерски години – храна со калциум, омега 3 масни киселини и железо

Во периодот кога телото уште се развива, важно е да се внесува доволно калциум кој ќе ги зајакне коските и со тоа ќе го намали ризикот од остеопороза подоцна во животот.

Храна која е богата со калциум се млечните производи, зелен лиснат зеленчук, како и јатки и семиња.

Кај младите девојки, особено оние со пообилни менструации, може да се јави недостаток на железо во крвта, па важно е да го надополнат.

Намирниците со железо вклучуваат јајца, лосос, пилешко месо, како и мешункасти плодови.

Препорачливо е да ја комбинирате оваа храна со намирници со витамин Ц кој помага во апсорпцијата на железото.

Омега 3 масните киселини се важни за мозокот кој се развива на оваа возраст. Со ова може да се намали ризикот од проблеми со менталното здравје.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-02.jpg

Во 20-тите и 30-тите години од животот – протеини

Во овој период од животот е важно да работите на мускулната маса.

Ако ги зајакнете мускулите во 30-тите, значително ќе го намалите ризикот од низа проблеми со здравјето, вклучувајќи и вкочанетост и болки.

Ако јадете протеини од животинско потекло, фокусирајте се на пилешко, риба и месо кое не е мрсно.

Можете да консумирате и протеини од растително потекло преку продукти како киноа, леќа, грав, јаткасти плодови и семиња.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-03.jpg

Во 40-тите и 50-тите години од животот – ферментирана храна

Хормоналните промени кои се јавуваат во овој период од животот имаат влијание и врз имунитетот.

Поради ова, заздравувањето од настинки и други заболувања може да трае подолго.

Ферментираната храна, која е богата со хранливи влакна и пробиотици, му годи на дигестивниот систем, но и го зајакнува имунитетот.

Покрај тоа, ги намалува воспалителните процеси во телото, а добро влијание и на здравјето на срцето.

Во ферментирана храна спаѓаат намирници како кефир, јогурт, кисела зелка, кисели краставички…

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-04.jpg

Во 60-тите и 70-тите години – храна богата со хранливи материи

Ова е период од животот кога здравјето може да почне да се влошува и се зголемува ризикот од разни болести, особено ако не сте воделе добра грижа за себе.

Но, не е доцна да се направи промена во исхраната.

На оваа возраст важно е да се фокусирате на храна богата со хранливи материи и максимално да избегнувате нездрави намирници.

Протеините, хранливите влакна, витамините и минералите ви се попотребни од кога било.

Јадете многу овошје и зеленчук, риба, јајца и месо кое не е мрсно.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-05.jpg

Над 80 години – многу вода и хранливи влакна

На оваа возраст луѓето веќе имаат и по неколку здравствени проблеми и повеќето примаат некаква терапија.

Важно е да се продолжи со урамнотежената исхрана, со многу повеќе хранливи влакна кои се добри за дигестивниот систем.

Исто така, телото потешко се справува со дехидратацијата, па пиењето многу вода е клучно.

Препорачливо е и да се внесуваат овошја и зеленчуци со висок процент на вода, како домати, краставици и лубеница.

Доколку сакате алкохол, пијте го што поретко бидејќи го дехидрира телото.

shto-da-jadete-sekoja-decenija-od-zhivotot-za-da-gi-zadrzhite-mladeshkiot-izgled-i-zdravjeto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Што да јадете и пиете пред прослава со многу храна (за да избегнете проблеми со варење)? Чајот од нане е добар за дигестивниот систем и можете да го пиете превентивно, о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg