Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)?

Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви помогнат да го намалите апетитот.

kako-da-go-izbegnete-debeleenjeto-vo-esen-i-zima-i-da-oslabite-do-letoto-01.jpg

Ако до следното лето сакате да ослабите, не треба да чекате да дојде мај за да преземете нешто.

Факт е дека во есен и зима дебелеењето е најчесто, па најпрво треба да го спречите ова за во лето да бидете задоволни од своето тело.

Притоа, трајното слабеење не е процес кој се случува преку ноќ.

Што значи, треба да почнете да работите на себе уште сега за во лето да видите резултати.

Како да го избегнете дебелеењето, но и да ослабите во текот на есента и зимата?

Избегнувајте одредени намирници

Не треба да се откажете од омилената брза храна за да бидете во форма.

Единствено треба да бидете умерени со неа.

Но, покрај мрсната и храната со многу јаглехидрати, постојат и други намирници кои можат да предизвикаат подуеност, особено ако имате проблеми со стомакот.

Овде спаѓаат намирници како зелка, грав и наут кои треба да ги јадете, но не секој ден.

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-02.jpg

Пијте многу течности, најчесто вода

Во зима се потиме помалку, па повеќето забораваат на внесот на вода.

Сепак, не треба да чекате да бидете многу жедни за да се напиете нешто.

Пијте многу течности и во зима, а наместо само вода, можете да пиете повеќе чаеви, секако, без шеќер.

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-03.jpg

Јадете повеќе супи

Топлите супи се идеални за есенските и зимските денови, особено како лесна вечера.

Супата ќе ве засити, а ако ја направите со многу зеленчук, ќе биде и навистина здрава.

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-04.jpg

Правете вежби за мускули и вежбајте кардио

Важно е да ги комбинирате двата типа вежби за најдобри резултати.

Додека кардио вежбите согоруваат калории и масни наслаги, вежбите со тежина ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите.

Доколку сте во можност, идеално е кардио вежбите да ги правите наутро бидејќи ќе ви дадат и енергија.

Вежбите за мускули, пак, правете ги навечер.

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-04_2.jpg

Внесувајте повеќе протеини

Протеините се важен дел од исхраната, особено ако вежбате.

Покрај тоа, протеините го забрзуваат и метаболизмот што дополнително ќе ви помогне во слабеењето.

Ако јадете месо, најдобро е да му давате предност на пилешкото.

Доколу не јадете месо, постојат одлични растителни извори на протеини како тофу, леќа, грашок, киноа…

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-06.jpg

Внесувајте повеќе хранливи влакна

Ако забележувате дека имате повеќе апетит кога во студените месеци, тогаш внесувајте повеќе храна со влакна.

Хранливите влакна подолго ќе ве држат сити, што значи помала е веројатноста да посегнете и по нешто друго.

Авокадото и компирите се одличен извор на хранливи влакна.

promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-esen-i-zima-za-da-ne-se-zdebelite-i-da-oslabite-do-letoto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg