Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории)

Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството на ситост може да трае и неколку часа, особено ако го комбинирате со путер од кикиритки.

hrana-koaj-kje-ve-drzhi-siti-podolgo-a-ima-malku-kalorii-01.jpg

Свежите производи се здрави, но никој не сака да биде гладен еден час по јадењето.

Некои видови овошје и зеленчук ќе ве држат сити неколку часа откако ќе ги изедете. Со нив ќе ги постигнете своите цели ако сакате да ослабите или да ја одржувате оптималната тежина.

Намирници кои имаат малку калории, а ќе ве држат сити:

Банани - Ако се чувствувате уморно, без енергија, бананата е одличен избор. Бананите се богати со калиум и витамин Б6 и го зголемуваат нивото на енергија, а притоа заситуваат.

Јаболкa - Тие се богати со влакна и вода, затоа го зголемуваат чувството на ситост. Бидејќи повеќето од хранливите се наоѓаат во кората, јаболкото не треба да го излупите. За да го продолжите чувството на ситост, можете да го комбинирате јаболкото со путер од кикиритки.

hrana-koaj-kje-ve-drzhi-siti-podolgo-a-ima-malku-kalorii-04.jpg 

Карфиол – Карфиолот е одличен извор на витамини Ц и К и фолати, како и хранливи влакна кои го забавуваат варењето и го продолжуваат чувството на ситост.

Морков – Морковот нема многу шеќер, има малку калории, а можете да го јадете свеж со намаз како хумус или, пак, печен.

Авокадо - Најбрзо го задоволува гладот и го поттикнува најдолгото чувство на ситост. Авокадото е покалорично, но се работи за здрави калории поради кои ќе се чувствувате сито.

hrana-koaj-kje-ve-drzhi-siti-podolgo-a-ima-malku-kalorii-03.jpg

Лубеница - Лубеницата содржи повеќе од 94 проценти вода. Течноста поттикнува чувство на ситост без дополнителни калории. Освен тоа, лубеницата е одличен извор на витамини А и Ц и калиум.

Компир - Многумина сметаат дека компирот дебелее. Всушност, компирот е полн со хранливи влакна. Секако, важно е како е приготвен - пржениот помфрит не е исто како да јадете печени компири. Компирот содржи јаглехидрати, но нема многу калории и масти.

hrana-koaj-kje-ve-drzhi-siti-podolgo-a-ima-malku-kalorii-02.jpg 

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg