Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото)
Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервирани во издлабен ананас – кул идеи како може да послужите овошје ако не ви се готви.
За време на летните горештини, кога не ви се готви, а сакате да ги пречекате гостите домаќински, направете освежително мезе.
Набавете различни видови овошје и сервирајте ги на кул начин – ќе оставите впечаток дека сте се потрудиле, а воедно сите ќе се освежите.
Освен класично наредени на даска, можете да експериментирате со овошје послужено во корнет, во издлабен ананас или диња, или едноставно да ги наредите на стапчиња за ражнич.
Идеи како да го сервирате овошјето за гости на летните собиранки:
M. M. | Црнобело