Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери?

Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат повеќе шеќери и калории, а во другите има повеќе витамини и минерали.

klasicni-praski-ili-nektarini-koja-e-pozdrava-i-koja-sodrzi-povekje-kalorii-i_shekjeri-01.jpg

Праската е овошје без кое не може да се замисли летото, иако многумина не можат да ја поднесат текстурата на самата лушпа поради ситните „влакненца“, па ги одбираат нектарините, кои не се разликуваат многу од класичните праски.

Нектарините се всушност вид праски, кои иако имаат сличен изглед и нутритивен профил, помали се од класичните праски и имаат помека внатрешност.

Постојат и неколку разлики помеѓу нектарините и класичните праски, еве кои се тие:

Праски

Името потекнува од латинскиот избор „prunus persica“.

Ова овошје може да расте во различни клими, кои се движат од тропска до умерена, и има три вида:

freestone - лушпата многу лесно се одвојува од зрелото месо;

clingstone - лушпата е цврсто споена со месото;

semi-freestone - хибрид од овие два вида.

Месото на класичните праски може да биде бело или жолто, додека нивната лушпа е груба и покриена со мали „влакненца“.

klasicni-praski-ili-nektarini-koja-e-pozdrava-i-koja-sodrzi-povekje-kalorii-i_shekjeri-07_copy.jpg

Нектарини

Мазните праски или нектарините од генетска перспектива се идентични со класичните праски, но можат да имаат три вида, во зависност од тоа колку лесно или тешко се отстранува лушпата и каква е нивната внатрешност.

klasicni-praski-ili-nektarini-koja-e-pozdrava-i-koja-sodrzi-povekje-kalorii-i_shekjeri-04.jpg

Што е поздраво - класичната праска или нектарината?

И двата вида имаат импресивни нутритивни вредности.

Во една нектарина има 55 калории, а во обичната праска има 63.

Класичната праска содржи 1,4 грама протеини, 15 грама јаглехидрати и 2,3 грама влакна, додека нектарината има 1,5 грама протеини, 13 грама јаглехидрати и 2,1 грама влакна.

Што се однесува до шеќерите, во една обична праска има 12,6 грама шеќер, а во нектарината 11 грама, додека количината на масти им е иста - 0,4 грама.

Во една нектарина има 5% на витамин Ц, а обичната праска има 7% од препорачаниот дневен внес на овој витамин.

klasicni-praski-ili-nektarini-koja-e-pozdrava-i-koja-sodrzi-povekje-kalorii-i_shekjeri-02.jpg

Сѐ на сѐ, обичните праски имаат малку повеќе калории, јаглехидрати и шеќер. 

И двата вида се богати со шеќери, влакна и имаат мала количина на микронутриенти како витамини и минерали.

Затоа, одговорот на прашањето кој вид е поздрав не е лесно да се даде бидејќи се работи горе-долу за истото овошје, а не постои ниту релевантна студија која официјално би прогласила кој од двата вида е покорисен за организмот. 

klasicni-praski-ili-nektarini-koja-e-pozdrava-i-koja-sodrzi-povekje-kalorii-i_shekjeri-11.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg