3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео)
Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни идеи со кои лесно ќе направите уникатни велигденски јајца.
Ако веќе ви досадија еднобојните велигденски јајца и сакате да пробате нешто креативно, веруваме дека ќе ви се допаднат следниве идеи.
Три уникатни, но мошне едноставни начини на фарбање јајца:
Шарени јајца со сода бикарбона
Во калапи за мафини ставете по една лажица сода бикарбона и една лажица вода.
Потоа, во секој од калапите додајте и по 2-3 капки различна храна за боја и добро промешајте - треба да добиете густа смеса.
Обојте ги јајцата во разни бои, па ставете ги во чаша или каков бил подлабок сад и додајте оцет.
Кога ќе престане да се прави пена, само исплакнете ги и избришете ги.
@kelly.oester Our new FAVORITE way to dye eggs 🤩 It creates beautiful eggs, doesn't require any soaking or waiting, and is SO much fun!!! The boys couldn't stop giggling and Jack said "this is the BEST day of my LIFE" 😂 ✨Mix 1 tbsp baking soda, 1 tsp water at a time until desired consistency, and 2-3 drops of food coloring to make "paint". ✨The thicker the consistency the better. ✨Paint the eggs! ✨Slowly drizzle vinegar onto the eggs (we went a little crazy). We used medicine cups to pour, but a dropper or measuring cup would work great. ✨When the vinegar hits the baking soda a fizzy reaction occurs which creates a colorful marbled effect on the eggs! ✨Once the reaction stops, rinse eggs with water and then dry with a paper towel. ✨That's it!✨ Enjoy! #easteregg #diyEaster #easterinspo #toddleractivities
-->♬ Homestead - John Smith
Уникатни дезени со салфети
За овој дезен ќе ви треба таканаречено лепило за декупаж, кое можете да го најдете во подобро опремените книжарници или продавници за уметнички материјали и прибор. Наместо лепило, можете да употребите и белка од јајце.
Потребни ви се и салфети со дезен.
Извадете го долниот, бел слој од салфетата, а слојот со дезен искинете го на помали парчиња.
Потоа, со лепилото за декупаж (или белката) залепете ги парчињата на јајцата и оставете ги да се исушат.
@jeannaloveschristmas All FAQ’s answered on my decoupage eggs! Supplies: Eggs are available at Target and Walmart. @HomeGoods has best decorative napkin selection. ModPodge - I used matte finish. Parchment paper work space, cookie dry rack (optional) small bowl and brush. Hit with a blow dryer to get them to dry faster - biggest tip is in the audio 🫶🏻 #easter #eastereggs #easteregg #diy #easterdecor
♬ Choking on Flowers - Fox Academy
Мермерни јајца со лушпи од кромид
За да го постигнете ефектот на мермер, најдобро е да користите и бел, и црвен кромид.
Иситнете ги лушпите од кромидот во сад.
Навлажнете го јајцето со вода, па извалкајте го во лушпите од кромид. Важно е да се налепат лушпи по целата површина на јајцето.
Потоа завиткајте го јајцето со газа и подврзете ја газата со конец.
Во тенџере со вода ставете боја за јајца и оцет и оставете ги јајцата да се варат во неа десетина минути.
Ако сакате јајцата да бидат посјајни, можете да ги премачкате со малку масло за јадење.
@deliciousfooddddd Let’s Make Marble Eggs #asmr #shorts #short #easter #cooking #egg
♬ оригинальный звук - Delicious Food
Спирова С. | Црнобело