Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци?

Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е да бидат сјајни и со поинтензивна боја.

morkovi-kompiri-zelka-kako-da-gi-izberete-najdobrite-i-najsvezhite-ovoshja-i-zelenchuci-01.jpg

Летото е сезона на овошје и зеленчук.

Секако, повеќето овошја и зеленчуци ни се достапни во текот на целата година, но дефинитивно највкусни се во летниот период, кога не ни имаме желба за потешка храна.

А, ако не секогаш ви успева да ги одберете најдобрите плодови во маркет или на пазар, сигурно ќе ви помогнат следниве совети.

Како да ги изберете најдобрите овошја и зеленчуци?

Ананас

Најпрво, помирисајте го ананасот – треба да има сладок мирис. Ако нема никаков мирис, тоа значи дека не е зрел, а ако има киселкаст мирис, најверојатно почнал да скапува.

Обрнете внимание ни на листовите – треба да имаат интензивна зелена боја и да бидат тврди.

Бојата на ананасот треба да биде зеленкаста, со жолта нијанса. Ако доминира жолтата или портокаловата боја, тогаш е презреан.

На крај, одберете плод што е потежок бидејќи тоа значи дека е посочен.

morkovi-kompiri-zelka-kako-da-gi-izberete-najdobrite-i-najsvezhite-ovoshja-i-zelenchuci-02.jpg

Лимета

Слично како ананасот, одбирајте ги плодовите кои се потешки бидејќи се посочни.

Кората треба да им биде мазна и сјајна.

Исто така, лиметата треба да биде тврда на допир.

morkovi-kompiri-zelka-kako-da-gi-izberete-najdobrite-i-najsvezhite-ovoshja-i-zelenchuci-03.jpg

Црвен кромид

Црвениот кромид треба да биде тврд и да има сјајна и тенка кора.

Не го купувајте ако има темни дамки или на некои места е омекнат.

morkovi-kompiri-zelka-kako-da-gi-izberete-najdobrite-i-najsvezhite-ovoshja-i-zelenchuci-04.jpg

Зелка

Одбирајте ги помалите зелки кои се тврди. Треба да бидат и потешки.

Надворешните листови треба да бидат сјајни и да изгледаат свежо, а не овенато.

Не купувајте зелка со темни дамки.

morkovi-kompiri-zelka-kako-da-gi-izberete-najdobrite-i-najsvezhite-ovoshja-i-zelenchuci-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
10 правила од нашите баби за да ја подготвите највкусната туршија во тегла Зеленчукот треба да биде збиен во теглата, за да се избегнат празнини и да се на...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg