Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци?
Млад компир
Избегнувајте ги компирите кои имаат зелени или темни дамки.
Компирите треба да бидат тврди, а не ги купувајте ако забележите дека почнале да ’ртат.
Манго
Бојата на мангото зависи од видот, па не може секогаш да биде добар показател.
Затоа, обрнете внимание на изгледот на кората - треба да биде сјајна и бојата да биде интензивна.
Важно е и плодот да мириса слатко. Ако има киселкаст мирис, тогаш почнал да скапува.
Брокула
Брокулата треба да има интензивна зелена боја и да биде тврда.
Не ја купувајте ако има жолтеникава нијанса бидејќи тогаш е веќе презреана и може да биде малку горчлива.
Моркови
Морковите треба да имаа изразена портокалова боја, а кората да им биде потенка и сјајна.
Ако имаат многу пукнатини и темни дамки, но и ако се многу меки, најдобро не ги купувајте.
Ако сакате моркови со посладок вкус, тогаш купувајте поголеми.
Бабури
Бабурите треба да имаат мазна кора и интензивна боја, без разлика дали зелена, жолта или црвена.
Исто така, не треба да имаат темни дамки.
Препорачливо е и да ги избирате потешките бабури бидејќи се посочни.
Спирова С. | Црнобело