Што да јадете и пиете пред прослава со многу храна (за да избегнете проблеми со варење)?
Чајот од нане е добар за дигестивниот систем и можете да го пиете превентивно, односно дента пред да одите на прослава со многу храна, како дочек на Нова година.
Освен ако не го следите божиќниот пост, голема е веројатноста периодов малку и да претерате со храна и пиење.
Во сезоната на слави, празнични прослави и седенки со пријателите и колегите, нормално е да се опуштиме, некогаш и малку повеќе.
Но, ова не е секогаш без последици, особено ако сте повозрасни или имате чувствителен дигестивен систем.
Подуеноста, гасовите и киселините не се така ретка појава по многу обилен оброк и консумирање повеќе алкохол од вообичаено.
За да ги избегнете или барем да ги минимизирате овие последици, нутриционистката Никола Ладлам Рејн од САД открива како можете да се подготвите.
Никола, која има над 50.000 Инстаграм следбеници, споделува која храна е најдобро да ја јадете дента пред прославата со многу храна и алкохол, но и што друго можете да преземете.
Нејзините совети во продолжение:
Храна што треба да ја јадете
Овес
Овесот е богат со хранливи влакна кои се добри за дигестијата на храната, како и за празнењето на цревата.
Зелен лиснат зеленчук
Зеленчукот како марула и спанаќ исто така има хранливи влакна, но и антиоксиданти.
Што значи дека овие намирници се добри за дигестивниот систем, а ги намалуваат и воспаленијата во организмот.
Банани
Бананите се секогаш добар избор ако следниот ден планирате да јадете повеќе солена храна.
Тие се богати со калиум, кој помага да се регулира вишокот натриум во организмот и со тоа да го спречи задржувањето на водата.
Протеини
Во овој случај станува збор за храна богата со протеини, но ниско ниво на масти, како пилешко, риба или тофу.
Протеините ќе ве заситат, без притоа да направат да се чувствувате летаргично.
Пијалаци што треба да ги пиете
Зелен чај
Зелениот чај е познат по антивоспалителните својства. Може да ја намали подуеноста и да ја подобри дигестијата.
Чај од нане
Чајот од нане е познат како народен лек за дигестивни проблеми.
Но, можете да го пиете и превентивно, односно пред да одите на прослава со многу храна.
Вода
Иако ова е очигледно, сепак треба да се нагласи.
Добрата хидратација е клучна за оптимално функционирање на организмот и дигестивниот систем.
Други работи што можете да ги направите
Вежбајте
Не мора да одите во теретана, но дента пред прославата одвојте време за јога или прошетка.
Лесната физичка активност ќе ја стимулира дигестијата и ќе ја намали подуеноста.
Јадете редовно и избалансирано
Не е добро да се изгладнувате пред прослава со многу храна бидејќи ќе си создаде проблем со дигестијата.
Наместо тоа, држете се до свежи и здрави намирници и јадете помали оброци, почесто.
Внесувајте хранливи влакна и здрави масти, како и протеини.
Наспијте се
Ако сте ненаспани, не само што ќе се чувствувате уморно, туку можно е и да имате проблеми со дигестијата.
Квалитетниот сон ќе ви помогне да ги регулирате хормоните на глад и да ја подобрите работата на дигестивниот систем.
Спирова С. | Црнобело