Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе

Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Но, исто така и колку повеќе пиете - толку повеќе ќе се потите. Каков тип на храна и пијалаци треба да избегнувате ако не сакате повеќе да се потите?

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-01.jpg

Доколку забележите дека се потите повеќе од вообичаено, високите температури можеби не се единствениот причинител за тоа.

Некои од намирниците кои сите ги консумираме предизвикуваат и зголемено потење поради нивното термогено дејство (кога таквата храна се разградува во телото, дел од нив се ослободува како топлина). 

Тоа не значи дека не треба воопшто да ја јадете, но може да бидете поумерени или да ја избегнувате во деновите кога не ви е потребно дополнително потење.

Погледнете за каков тип на храна станува збор:

Солена храна

Кога јадете храна богата со натриум, вашето тело е принудено да се ослободи од вишокот сол преку потта.

Затоа солената храна е на врвот на листата на намирници кои треба да се избегнуваат за време на жештините. 

Ова вклучува солени грицки како што се чипс или соленки, но и многу конзервирана храна (особено конзервирана риба и зеленчук), сосови итн.

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-02.jpg

Преработена храна

На преработената храна обично ѝ недостасуваат влакна и ензими потребни за правилно варење. 

Оваа храна содржи и големи количества масти, што го отежнува варењето. 

И секојпат кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува.

Токму затоа избегнувајте брза храна, масни печива (како што се пити или кроасани) и замрзната преработена храна.

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-03.jpg

Пијалаци кои содржат кофеин

Кофеинот влијае на централниот нервен систем и ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Со самото тоа телото се подготвува да реагира на опасност и ги буди потните жлезди.

Топлото кафе или чај исто така ја зголемуваат температурата на вашето тело, предизвикувајќи уште повеќе да се потите.

Затоа е подобро да бидете умерени со консумирање пијалаци кои содржат кофеин во текот на еден ден. 

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-04.jpg

Алкохолни пијалаци

Алкохолот исто така го зголемува пулсот и температурата на телото, па потењето се зголемува. 

Исто така, колку повеќе пиете, толку повеќе ќе се потите (дури и ако се работи за коктел или минерална вода со мраз).

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-05.jpg

Зачинета храна

Ефектот на горење кој го прави лутата храна буквално го залажува вашиот централен нервен систем, терајќи го телото да го започне механизмот за ладење.

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-06.jpg

Слатки

Храната со висока содржина на шеќери и јаглехидрати предизвикува значаен термички ефект бидејќи на телото му е доста тешко да ги разгради. 

Покрај тоа, слатката храна предизвикува остри скокови на шеќерот во крвта, што предизвикува и зголемено потење.

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-07.jpg

Храна што содржи многу протеини

Протеинската храна има и високо термогено дејство.

Покрај тоа, кога јадеме многу протеини, уреата се произведува како нуспроизвод на варењето, па телото се ослободува од неа преку потта. 

Месото и рибата се храна со високо количество на протеини.

izbegnuvajte-gi-na-leto-vidovi-hrana-i-pijaloci-koi-kje-napravat-povekje-da-se-potite-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg