Зошто е десертот „неопходен“ за слабеење?

Постојаното повторување на прашањето дали некој може да јаде десерт за време на диета, сугерираше еден факт: креирање на план за исхрана за губење на тежината што не делува одржливо, веројатно ќе доведе до неуспех. 

Zosto e desertot neophoden za slabeenje 01

Затоа многумина го променијас ставот кон десертот, бидејќи десертот е навистина неопходен за губење на тежината. Еве зошто:

Престанете да го поставувате прашањето „Дали е ова добра храна“?

Можете целосно да избегнете десерти, да јадете најчиста храна, но дури и тогаш можете да го прекинете процесот на слабеење. Истото важи и за некои други намирници, како на пример оние без глутен или млечни состојки.

Дали оваа храна е својствено лоша за вас, ако барате нешто што е неопходно за слабеење? Секако дека не, но тоа не е поентата. Ниту една намирница нема поединечно да ве здебели, исто како што ниту една намирница поединечно нема да ви помогне да изгубите на тежина.

Затоа престанете упорно да го поставувате прашањето „Дали е ова добра храна?“.

На овој начин создавате лош став кон храната. Со овие ограничувања се фрустрирате што води до поткопување на цврста волја, што доведува до... знаете и самите.

Zosto e desertot neophoden za slabeenje 02

Постои список на работи што се поважни од ветувањата дека ќе изгубите тежина и треба да бидете свесни за нив пред да започнете со диета:

  • Здраво е да уживате во животот

  • Здраво е да ги пронајдете вистинските ситуации за да го јадете она што го сакате

  • Здраво е да не се грижите ако пропуштивте еден ден вежбање, особено ако го поминавте тоа време на подобар начин.

Зошто е десертот прилично неопходен за губење на тежината:

Истражувачите од Универзитетот во Торонто откриле дека целосно ограничување на вашата храна ви го отежнува придржувањето кон планот. Во овој случај, елиминирањето на десертот од диетата води до огромна желба кон истиот.

Поефикасен пристап ќе ви овозможи да ја задоволите вашата посакувана храна, но во контролирани порции. Кога постојано копнеете кон десерт, затоа што ви е кажано дека не можете да го јадете, ќе го сакате уште повеќе.

Но кога имате можност да јадете десерт секој ден, желбата да јадете половина килограм чоколадо или сладолед е значително намалена.

Иако можеби звучи чудно, исфрлањето на десертот од исхраната во никој случај не е неопходен чекор за слабеење, бидејќи со тоа само се постигнува контра-ефект.

Доколку сте љубител на благото, внесувајте го во умерени количини и најдете нешто што ви одговара, а не нешто што ви прави тешко. 

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg