10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната
-->
Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујната, веројатно ви се потребни неколку трикови кои ќе ве „спасат“ за моментите кога сепак ќе решите да зготвите нешто...
Некои луѓе можат да поминуваат часови во кујната и да уживаат. Но, има и такви кои не сакаат да готват, па за нив кујната е најнеомиленото место во домот.
-->
За да не се нервирате кога ќе влезете во кујната, во нудиме неколку совети кои сигурно ќе ви бидат од полза.
Овие 10 совети сигурно некогаш ќе ви се најдат за во кујна:
Ако немате место во фрижидерот, путерот можете да го чувате и надвор, на собна температура. Ставете го во затворен сад и држете го подалеку од директен извор на топлина.
Ако јадењето има многу сол и маснотии, додајте му малку сок од лимон или зелен лимон. Ова ќе го ублажи вкусот и ќе ѝ даде нов шмек на храната.
Ако сакате да загреете шпагети со сос во микробрановата печка, а да не ја испрскате внатрешноста, или ставете го сосот во чинијата под тестенините или покријте ја чинијата со храната со хартиено шамивче/брисач за раце.
-->
-->
Ако готвите нешто со стопено чоколадо, додајте само неколку зрна сол во чоколадото - тоа ќе го засили вкусот и ќе го направи уште поубав.
-->
Ако месите тесто во пластичен сад и тоа ви се лепи премногу на ѕидовите на садот, можете да го префрлите во тавче кое не лепи, па таму да го доработите без мака.
За да не ви „мрдаат“ садовите или штицата за сечење, под нив можете да ставите гумена подлога и да ги „фиксирате“.
Не ја фрлајте мрежата во која се спакувани портокали или други производи, бидејќи можете да ја искористите за да го отстраните тестото што ви се залепило на работната површина или на садовите кога месите. На овој начин нема да го уништите ни сунѓерот за миење садови, кој потоа е леплив.
Ако садот во кој пржите храна е направен од нерѓосувачки челик, прво мора да го загреете, а дури потоа во него да ставите масло за храната да не ви се лепи.
Ножот за сечење леб. иако е голем, е подеднакво добар за лупење овошје и зеленчук со мека лушпа.
За најлесно да скршите јајце и да не ви паднат парчиња лушпа во садот, јајцето кршете го од рамна површина, а не на раб од нешто.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки
Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни
Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење
Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти
Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...