Кои се 9-те најздрави овошни плодови?
Редовното јадење овошје значително може да влијае на подобрување на вашето здравје.
Секој вид на овошје (и зеленчук) е одлична опција.
Истражувањата покажаа дека секојдневното јадење на овошје доведува до подобрување на расположението и намалување на ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2.
Многумина од нас не внесуваат доволно диетални влакна, калциум, калиум и магнезиум, а сите овие се наоѓаат во изобилство во овошните плодови.
Калиумот, на пример, помага да се одржи здрав крвен притисок и лесно ќе го набавите во банани, сливи и кајсии.
Овошните влакна, исто така, одржуваат подобро варење на храната и содржат помалку калории, што е правилен избор ако се обидувате да изгубите тежина.
Во продолжение ви ги претставуваме 9-те најздрави овошни плодови:
1. Грејпфрут
Грејпфрут е еден од најздравите агруми. Покрај тоа што е добар извор на витамини и минерали, тој е познат по својата способност да помогне во слабеењето и да ја намали отпорноста на инсулин.
На пример, во една студија, оние кои јаделе половина свеж грејпфрут пред оброците изгубиле 1,3 килограми поголема тежина од оние коишто не консумирале воопшто.
Во истата студија, групата која консумирала грејпфрут имала значително намалување на нивото на инсулин и намалена отпорност на инсулинот.
Исто така, докажано е дека јадењето грејпфрут го намалува нивото на холестерол и помага во спречување на појавата на камења во бубрезите.
2. Ананас
Меѓу тропските овошја, ананасот е вистинска суперѕвезда во исхраната. Една чаша сок од ананас обезбедува дури 76 проценти витамин Ц и 5 проценти манган.
Ананасот исто така содржи бромелаин, мешавина од ензими познати по своите антиинфламаторни својства и има способност да вари протеини.
Студиите укажуваат на тоа дека бромелаинот може да помогне во заштитата од рак и раст на тумор.
3. Авокадо
Авокадото е поразлично од повеќето други овошни плодови. Повеќето овошја се богати со јаглехидрати, додека пак авокадото напротив, се состои главно од здрави масти.
Поголемиот дел од маснотијата во авокадото е всушност олеинска киселина, мононезаситена маст која допринесува кон намалено воспаление и подобро здравје на срцето.
Покрај здравите масти, авокадото изобилува со 28 проценти калиум, влакна и магнезиум.
Соодветниот внес на калиум е поврзан со намален крвен притисок и помал ризик од мозочен удар.
4. Боровинки
Боровинките изобилуваат со моќни здравствени придобивки. Особено се богати со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и манган. Боровинките, исто така се исклучително богати со антиоксиданти.
Поради големиот број на антиоксиданти, боровинките можат да го намалат ризикот од хронични состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетес и Алцхајмер.
Боровинките се исто така познати по нивните моќни ефекти врз имунолошкиот систем. Една студија открила дека јадењето боровинки редовно може да ги зголеми природните одбранбени клетки во организмот.
Тие ги штитат од оксидативниот стрес и вирусните инфекции. Исто така, интересен податок е дека јадењето боровинки покажало дека ја подобрува меморијата кај постарите, возрасни лица.
5. Јагоди
Јагодите се навистина многу хранливи. Во споредба со другите овошја, јагодите имаат релативно низок гликемиски индекс.
За разлика од некои овошки, тие не предизвикуваат голема присутност на шеќер во крвта.
Американски студии откриле дека јагодите исто така можат да помогнат во спречувањето на карцином и формирањето на тумор.
6. Јаболка
Јаболката спаѓа меѓу најпопуларните овошја, а исто така и во неверојатно хранливите. Тие содржат голема количина на растителни влакна, витамин Ц, калиум, витамин К и витамин Б.
Научни студии сугерираат дека антиоксидантите во јаболката можат да го подобрат здравјето на срцето, да го намалат ризикот од дијабетес тип 2, карцином и Алцхајмерова болест.
Антиоксидантната активност кај јаболката исто така е поврзана со зајакнувањето на коските. Друга забележителна здравствена доблест на јаболката е нивната содржина на пектин.
Пектинот е пробиотично влакно што ги храни добрите бактерии во цревата и помага во подобрување на варењето на храната и метаболичкото здравје.
7. Лимон
Лимоните се многу здрави агруми познати по нивната обилна содржина на витамин Ц.
Тие може да бидат особено корисни во унапредувањето на здравјето на срцето, поради нивниот потенцијал кој умее да ги намали липидите во крвта и крвниот притисок.
Врз основа на сознанијата од студиите за животни, истражувачите исто така велат дека растителните соединенија во лимоните можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина.
Други студии пак покажуваат дека лимонската киселина во сокот од лимон има способност да лекува камења во бубрезите.
8. Портокал
Портокалите се едни од најпопуларните хранливи плодови во светот.
Јадењето на еден портокал (среден по големина) обезбедува значителна количина на витамин Ц и калиум. Исто така, тие се одличен извор на витаминот Б.
Растителните соединенија во портокалите се одговорни за повеќето од нивните здравствени придобивки. Тие вклучуваат флавоноиди, каротеноиди и лимонска киселина.
Портокалите се слични на лимоните, поради нивните импресивни количини на витамин Ц и лимонска киселина кои помагаат за зголемување на апсорпцијата на железо и спречување на анемијата.
9. Банана
Бананите се сметаат за овошки кои се особено богати со витамини и минерали. Тие се добро познати и по тоа што се богати со калиум.
Јаглехидратите во зелената, но и во созреаната банана се состојат во голема мерка од отпорен скроб, кој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да ве натера да се чувствувате заситено.
Бананите содржат и пектин, што може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта, како и во дигестивниот систем.
Покрај тоа, студиите покажаа дека високата содржина на јаглехидрати и минерали во бананите ги прави одличен избор за оброк пред вежбање.
Мила М. | Црнобело