Ја подобруваат циркулацијата и уште 7 причини зошто почесто да јадете боровинки

Без разлика дали како свежи или замрзнати, боровинките може се најдат во текот на целата година. Па, добро е да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана бидејќи нудат многу придобивки за вашето здравје и здравјето на кожата. 

ja-podobruvaat-cirkulacijata-i-ushte-7-prichini-zoshto-pochesto-da-jadete-borovinki-01.jpg

Боровинките се мали, слатки и многу хранливи. Тие се наоѓаат на врвот на листата на природна суперхрана и се познати по своите својства за борба против заболувања.

Исто така, тие се одлични и за кожата, при што ѝ помагаат да остане млада и здрава.

Кои придобивки ќе ги има вашата кожа доколку редовно консумирате боровинки? 

Се борат против предвремено стареење

Боровинките се богати со антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Како што стареете, способноста на вашето тело да се бори против слободните радикали опаѓа.

Изложеноста на УВ светлина, чадот од цигарите, загадувањето и лошата исхрана може да го зголемат производството на слободни радикали, па така, клетките на кожата почнуваат да слабеат и покажуваат знаци на стареење.

Заедно со друго овошје и зеленчук богати со антиоксиданти, јадењето боровинки може да ви помогне да го спречите предвременото стареење.

8-neverojatni-pridobivki-od-borovinkite-za-vashata-kozha-02.jpg

Ја подобруваат циркулацијата

Консумирањето боровинки води кон подобро здравје и циркулација на срцето, што, пак, е важно за целокупното здравје, вклучувајќи го и на кожата.

8-neverojatni-pridobivki-od-borovinkite-za-vashata-kozha-03.jpg

Природно го зголемуваат лачењето колаген

Околу 150 грама боровинки, обезбедуваат 16% односно 19% од дневните потреби за витамин Ц кај мажите и жените, соодветно.

Витаминот Ц, пак, игра витална улога во производството на колаген, кој е важен за силна и здрава кожа.

8-neverojatni-pridobivki-od-borovinkite-za-vashata-kozha-04.jpg

Помагаат при заздравување на раните

Ако имате исекотини или мали изгореници, консумирањето боровинки може да ѝ помогне на кожата да заздрави. Боровинките се богати со витамини Ц и К, кои се важни за заздравување на раните.

8-neverojatni-pridobivki-od-borovinkite-za-vashata-kozha-05.jpg

Освен ова, други потенцијални придобивки од боровинките може да бидат следниве:

Намалување на акните. Исхраната богата со антиоксиданти и хранливи влакна, кои се доста присутни во боровинките, е поврзана со намалено воспаление и може да помогне во борбата против акните.

Добро здравје за цревата. Нерамнотежата на бактериите во цревата може да биде поврзана со кожни заболувања, како што се акни, псоријаза, егзема и предвремено стареење. Боровинките се одличен извор на хранливи влакна и како такви помагаат да се одржи здрава цревна флора и потенцијално здрава кожа.

Може да помогнат при псоријаза и егзема. Откриено е дека личностите со псоријаза и егзема имаат и пониски нивоа на актиоксиданти. Иако се потребни повеќе истражувања, се верува дека исхраната богата со антиоксиданти игра улога во намалување на овие состојби.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките) Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор ...
Суплементи со кои ќе останете фит и по 45-тата година, според тренерот на Рајан Рејнолдс Омега 3 масни киселини за регулирање на триглицеридите како и креатин за енергиј...
Намирници кои се поздрави кога се замрзнати, според нутриционисти Покрај тоа што ќе ѝ го продолжите рокот на траење, омега 3 масните киселини подо...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg