Суплементи со кои ќе останете фит и по 45-тата година, според тренерот на Рајан Рејнолдс

Омега 3 масни киселини за регулирање на триглицеридите, како и креатин за енергија – кои суплементи ги користи Рајан Рејнолдс за да биде фит на 48 години?

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-01.jpg

Рајан Рејнолдс ја „гази“ петтата деценија од животот, но важи за еден од најфит актерите во Холивуд.

И на 48 години, актерот изгледа одлично и е во топ форма.

Секако дека во голема мера ова се должи на фактот што може да си дозволи лични тренери и готвачи кои му приготвуваат здрава храна.

Но, овде се и додатоците во исхраната кои можат да бидат попотребни со годините.

Личниот тренер на актерот, Дон Саладино, кој соработува и со други ѕвезди откри кои суплементи ги користи Рејнолдс.

А, вели дека и самиот ги користи истите бидејќи е на речиси сита возраст како актерот.

https://www.instagram.com/donsaladino/p/CoNTQEsO0x4/?img_index=1

Секако, пред вие да почнете дa ги користите, задолжително е да се консултирате со лекар и стручно лице, особено ако примате некоја терапија или имате проблем со здравјето.

Во продолжение, 10-те суплементи што ги користи Рајан Рејнолдс:

Мултивитамин

Некои истражувања покажуваат дека мултивитамините можат да им бидат од корист на повозрасните луѓе.

Сепак, важно е да се напомени дека не можат да заменат избалансирана исхрана.

Омега 3 масни киселини

Докажано е дека омега 3 масните киселини се добри за крвните садови, го намалуваат крвниот притисок и ги намалуваат триглицеридите.

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-02.JPG

Креатин

Ова е еден од најкористените суплементи кај луѓето кои вежбаат.

Главно, креатинот му дава енергија на телото за интензивна физичка активност.

Понови истражувања покажуваат дека може да биде од корист и за менталното здравје.

Магнезиум

Магнезиумот е важен за разни процеси во телото, како регулирање на шеќерот во крвта и создавањето протеини.

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-03.JPG

Витамин Д

Витаминот Д е важен за здравјето на коските, го поддржува имунитетот и го подобрува расположението.

Ресерватрол

Ова е природен антиоксидант се наоѓа во црното грозје.

Има антивоспалителни својства, а според некои истражувања, може и да го забрза слабеењето, секако, во комбинација со здрава исхрана и вежбање.

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-04.JPG

Протеини

Протеините се важни за сите функции во телото, но се особено потребни на луѓе кои вежбаат бидејќи помагаат во закрепнувањето на мускулите.

Аминокиселини

Аминокиселините може да ја зголемат издржливоста за време на тренинг.

Но, ако внесувате доволно протеини и не правите вежби со многу голем интензитет, веројатно немате потреба од аминокиселини.

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-005.JPG

Глутамин

Глутаминот е вид аминокиселина, а потенцијалните придобивки од него се намалување на болката на мускулите по вежбање, како и зајакнување на имунитетот.

Куркумин

Куркуминот е активна состојка на куркумата.

Според истражувањата, ги намалува воспаленијата во телото, го подобрува здравјето на срцето и мозокот и ја подобрува состојбата на кожата.

suplementi-so-koi-kje-ostanete-fit-i-po-45-tata-godina-spored-trenerot-na-rajan-rejnolds-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg