Намирници кои се поздрави кога се замрзнати, според нутриционисти

Покрај тоа што ќе ѝ го продолжите рокот на траење, омега 3 масните киселини подолго се задржуваат во рибата ако ја чувате замрзната. 

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-01.jpg

Обично мислиме дека со замрзнувањето се намалува хранливата вредност на храната.

Вистината е дека во некои случаи, замрзнувањето помага да се зачуваат хранливите материи на храната.

Ова значи дека некои намирници се похранливи ако ги приготвувате замрзнати, отколку свежи.

Дел од нив во продолжение:

Месо и риба

Доколку не се замрзнати, рокот на траење на месото и рибата е краток.

Притоа, кога не се во замрзнувач, побрзо ги губат хранливите материи.

Кај рибата, пак, замрзнувањето е добро за омега 3 масните киселини бидејќи подолго остануваат „активни“.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-02.jpg

Брокула

Замрзнатата брокула има повеќе витамин Б12 отколку свежата.

Истовремено, со замрзнувањето, и антиоксидантите во брокулата се задржуваат подолго отколку во свежата.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-03.jpg

Некои видови грав

Генерално, хранливата вредност на гравот е исто без разлика дали е замрзнат или не.

Но, кога станува збор за азискиот грав познат како едамаме, тогаш е подобро да го купувате замрзнат.

На овој начин, витаминот Ц и фолатите во него ќе се задржат подолго.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-04.jpg

Пченка

Кога пченката е замрзната, најдобро се здружува нејзиниот сладок вкус. Кога не е замрзната, нивото на шеќер се намалува и до 50% за 12 часа откако ќе биде набрана.

Покрај тоа, замрзнатата пченка содржи повеќе витамин Ц од свежата.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-0.jpg

Лук

Лукот е богат со антиоксиданти, а истражувањата покажале дека замрзнатиот лук има повисоко ниво на антиоксиданти од свежиот.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-06.jpg

Бобинки

Замрзнатите бобинки, како боровинки, јагоди и слично, е подобро да ги купувате замрзнати.

И во овој случај, тие имаат повеќе антиоксиданти отколку свежото овошје.

namirnici-koi-se-pozdravi-ako-gi-kupuvate-zamrznati-spored-nutricionisti-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време Бананите ви скапуваат, компирот 'рти, морковите ви се сушат... Што треба да напр...
Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Суплементи со кои ќе останете фит и по 45-тата година, според тренерот на Рајан Рејнолдс Омега 3 масни киселини за регулирање на триглицеридите како и креатин за енергиј...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg