Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 намирници кои делуваат како ботокс (ја подмладуваат кожата)

Лубеницата и краставицата ја хидрираат кожата, додека интегралниот ориз содржи витамин Б3, попознат како нијацинамид – состојка што е популарна во продуктите за нега на кожа.

7-namirnici-koi-deluvaat-kako-botoks-ja-podmladuvaat-kozhata01.jpg

Можете да користите безброј серуми, маски за лице, кремови и продукти за нега на кожа, но ако не внимавате и на исхраната, нема да видите некој резултат.

Лошата исхрана се одразува на изгледот на кожата и може да биде причина за појава на акни, сувост, па и предвремено стареење.

Секако, не мора да се откажете од омилената нездрава храна, но важно е да бидете умерени.

Некои намирници, пак, можат да делуваат и како ботокс бидејќи ја хидрираат кожата и ја хранат однатре.

Дел од нив во продолжение:

Лубеница

Лубеницата содржи многу вода и го хидрира телото.

А, колку повеќе ви е хидрирано телото, толку посвежо ќе изгледа и вашата кожа.

Исто така, со внесување доволно вода ќе ја подобрите еластичноста на кожата, циркулацијата, како и создавањето на колаген, а сето ова може да ви даде помладешки изглед.

Во месеците кога нема лубеница, истиот ефект може да го има и краставицата.

Интегрален ориз

Интегралниот ориз е богат со витамин Б3, попознат како нијацинамид.

А, сигурно веќе знаете дека ова е популарна состојка во продуктите за нега на кожа.

Нијацинамидот го поттикнува создавањето на нови кожни клетки, а може да помогне и кај хиперпигментацијата на кожата.

Интегралниот ориз содржи и селен, што пак ѝ дава дополнителна заштита на кожата од УВ зраците.

7-namirnici-koi-deluvaat-kako-botoks-ja-podmladuvaat-kozhata-02.jpg

Цитрусно овошје

И витаминот Ц е честа состојка во продуктите за убавина бидејќи ги намалува брчките, ја поттикнува циркулацијата и ѝ дава младешки изглед на кожата.

Исто така, витаминот Ц е и антиоксидант што ја штити кожата од надворешните фактори.

Цитрусното овошје е одличен извор на витамин Ц.

Лосос

Протеините го поттикнуваат создавањето на колаген.

Лососот е добар извор на протеини, а притоа спаѓа и во здрави намирници.

Оваа риба е богата и со витамин Е кој помага во борбата против слободните радикали и ги намалува воспаленијата, вклучително и на кожата.

Црно грозје

Ресвератролот е уште една состојка што ја штити кожата од слободни радикали и ги прикрива знаците на стареење.

Тој е природен антиоксидант и има сличен ефект како витаминот Ц.

Црното грозје е еден од најдобрите извори на ресвератрол.

7-namirnici-koi-deluvaat-kako-botoks-ja-podmladuvaat-kozhata-03.jpg

Сончогледово семе

Сончогледовото семе е богато со многу хранливи материи кои ѝ годат на кожата.

Покрај протеини и селен, содржат и витамин Е за чии придобивки веќе спомнавме.

Авокадо

И авокадото е одличен извор на витамин Е.

Постои и истражување кое покажало дека честото консумирање авокадо ја подобрува еластичноста на кожата.

7-namirnici-koi-deluvaat-kako-botoks-ja-podmladuvaat-kozhata-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Дали алкалната исхрана ја намалува киселоста на телото и спречува болести (или е само мит)? Според таканаречената алкална диета, треба да избегнувате храна за која се верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg