8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно
Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја миете правилно храната, или, сепак, некаде грешите.
Големиот дел од продуктите што ги јадеме треба да се измијат пред да ги консумираме. Но, колку и да мислиме дека го правиме тоа правилно, постојат производи кои, едноставно, сме научиле да ги миеме погрешно.
Како правилно да ги миете различните видови храна?
Замрзнат зеленчук
Замрзнатиот зеленчук им го олеснува готвењето на многу домаќинки. Но, пред да се замрзне, зеленчукот вриел во жешка вода, на висока температура.
Токму затоа многу луѓе не го мијат пред готвењето.
Но, ако сакате зеленчукот да ви биде покрцкав и „ал денте“, најпрво ставете го во студена вода и измијте го, а дури потоа почнете да го готвите.
Ориз
Оризот мора да го измиете во 3-4 води пред да го ставите да се вари.
Ова не е за да се измие од прашината, туку да се исчисти од вишокот скроб и да не се лепи кога го варите.
На овој начин зрната ја задржуваат својата форма и лесно се одвојуваат едни од други.
Школки
Сите видови морска храна мора да се измијат убаво, дури и онаа што е купена смрзната.
Песокот и различни бубачки навлегуваат во внатрешноста на школките, па затоа е препорачливо уште еднаш да ги измиете убаво пред да почнете со нивната подготовка.
Јогурт, млеко и млечни производи
Дури и да ви делува смешно, јогуртот, млекото и млечните производи, односно нивните амбалажи е препорачливо да ги измиете пред консумирање.
Хартиените и пластични пакувања фаќаат прашина и бактерии на полиците во маркетите.
Дополнително, многу луѓе ги фаќаат со раце додека избираат кој производ ќе го земат, а потоа ги ставаме и на касата, каде што се валкаат.