Ноември е месец на калинките – 10 причини зошто почесто да пиете сок од ова есенско овошје
Високо ниво на витамин Ц, богати со антиоксиданси, моќ да спречи различни заболувања и совршен вкус – зошто оваа есен почесто да консумирате сок од калинки?
Научниците велат дека калинката е едно од најздравите овошја, а ноември е месецот во кој треба да ги консумираме во изобилие, бидејќи тоа е „нивниот“ месец.
Ова есенско-зимско овошје е идеално за кога сакате да се освежите и да го наполните телото со витамини и „порција здравје“.
Освен што може да ги јадете малите зрнца, уште полесно и подобро е ако направите сок од калинки.
Покрај тоа што е вкусен, уште 10 причини зошто да консумирате калинки – како храна или сок:
1. Сокот од калинки содржи повисоки нивоа на антиоксиданси од било кој друг овошен сок, а тоа помага при отстранување на слободни радикали, заштита на клетките од оштетување и намалување на воспаленија.
2. Сок од една калинка има повеќе од 40% од просечната дневна доза на витамин Ц.
3. Научниците постојано ја истражуваат поврзаноста помеѓу калинките и ракот, а иако нема точни резултати, сепак се смета дека додавањето во исхраната не може да пречи, може само да помогне при намалување на ризикот од рак.
4. Високото ниво на антиоксиданси во сокот од калинки помага при заштита на меморијата и го намалува прогресот на Алцхајмеровата болест.
5. Сокот од калинки го намалува воспалението во стомакот и ја подобрува дигестијата.
6. Многумина го сметаат сокот од калинки како најдобар сок за срцето, бидејќи ја подобрува крвта, спречува затнување на артериите и таложење на холестерол и го штити срцето.
7. Редовното пиење сок од калинка исто така помага при намалување на систоличкиот (горниот) крвен притисок.
8. Со високото ниво на витамин Ц, витамин Е и други хранливи состојки кои ги содржи, сокот од калинка помага при вируси и борба со инфекции и бактерии.
9. Флавонолите во сокот од калинка може да помогнат при блокирање на воспаленија кои предизвикуваат остеоартритис, а истражувањата покажуваат дека има влијание врз остеопорозата, артритисот и воспаленија на зглобови.
10. Сокот од калинки исто така им помага на оние коли се спортски активни и им дава дополнително сила, а помага и при намалување на воспаленија од вежбање. Исто така, се претпоставува дека сокот од калинки има влијание и врз сексуалните перформанси.
М. М. | Црнобело