Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките)

Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор за борба против настинки и грип, семките од тиква се одлични за зајакнување на имунитетот. Што друго да додадете на вашето мени во периодот на настинки и грип?

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-01.jpg

Без разлика дали е сезона на грип и настинки или не, важно е секогаш да внимаваме на нашата исхрана и постојано да работиме на тоа да го зајакнеме нашиот имунитет. Но, кога веќе несаканите вируси и бактерии се пред нас, важно е дополнително да се погрижиме за тоа што внесуваме во нашето тело, со цел подобро и побрзо да се избориме.

Секако, многу од намирниците веќе ги имаме дома, само треба да посегнеме по нив и да ги вклучиме во нашето, но и во секојдневието на нашите деца.

Намирници кои ќе ви помогнат да се изборите со настинките:

Лук

Уште одамна лукот се смета за природен антибиотик, па се користи за спречување и лекување на настинки и грип.

Тој е силен антиоксиданс и има антибактериски, антивирусни, антигабични и антиинфламаторни ефекти. Па, со причина се нарекува и суперхрана.

Како да го додадете во исхраната?

  • Ставете лук во сосови за макарони, шпагети и други тестенини
  • Додајте свеж (изгмечен) лук во намаз
  • Додајте го во чорби, крем-супи и слично измешан со друг зеленчук

Имајте на ум дека лукот не треба да го варите предолго затоа што ќе почне да ја губи својата моќ. Наместо тоа, додајте го во јадењето при крајот на готвењето.

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-02.jpg

Печурки

Печурките се одлични за зајакнување на имунитетот и содржат различни витамини и минерали, како и бета-глукан кој помага во активирање на имунолошкиот систем и делува антивирусно и антибактериско.

Ова помага да се заштитите од вируси, паразити, бактерии...

Како да го додадете во исхраната?

  • 1-2 печурки во супи
  • Додајте во омлет или солени мафини
  • Во пилешка супа
  • Вклучете ги како додаток за пица

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-03.jpg

Семки од тиква

Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор за борба против настинки и грип, семките од тиква се одлични за зајакнување на имунитетот.

Тие содржат есенцијални омега-3 масни киселини и содржат витамин Е кој го зајакнува имунолошкиот систем.

Како да го додадете во исхраната?

  • Ставете врз јогурт или чорба
  • Додајте во печива, како леб, мафини и други колачиња
  • Додајте ги како ужинка заедно со други јаткасти плодови и семиња
  • Ставете во смути

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-04.jpg

Јаболка

Несомнено е дека јаболкото треба да биде дел од нашата секојдневна балансирана исхрана, но посебно кога станува збор за сезона на настинки и грип.

Јаболката е одлична за заштита на имунолошкиот систем, па добро е и децата да имаат навика да консумираат барем едно јаболко на ден и да се научат уште од мали нозе.

Како да го додадете во исхраната?

  • Исечени, свежи јаболка
  • Печени во штрудли или пита
  • Во смути
  • Како пире додадено во пудинг

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-05.jpg

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќ, кељ, зелка - сите овие зеленчуци се преполни со витамин Ц и железо, кои може да се борат против воспалението и да ви помогнат да заздравите побрзо.

Затоа, задолжително вклучете салата во вашето секојдневие.

Како да го додадете во исхраната?

  • Додајте во пилешка супа или чорба
  • Ставете спанаќ во смути
  • Комбинирајте со омилените сендвичи

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-06.jpg

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за борење против настинки и грип. Тој помага при искашлување и се бори против инфекции. Корисен е и за смирување на желудникот и намалување на мачнините.

Како да го додадете во исхраната?

  • Направете домашен чај од ѓумбир
  • Додајте во смути
  • Додајте во претходно подготвено пире

Сепак, имајте на ум дека не треба да претерувате со ѓумбирот и консултирајте се со вашиот лекар за тоа од која возраст и во колкава количина може да му понудите на вашето дете.

superhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-izborite-so-nastinkite-i-nachini-kako-da-im-ja-ponudite-na-vashite-deca-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg