Утре започнува божиќниот пост - Кога се јаде риба, а кога се пости „на вода“?

Божиќниот пост започнува утре, на 28-ми ноември. Овој пост трае 40 дена, но за разлика од велигденскиот, не е многу строг.

utre-pochnuvaat-bozhikjnite-posti-koga-se-jade-riba-a-koga-se-posti-na-voda-01.jpg

Божиќниот пост завршува на 6-ти јануари, а во текот на овој период не се јадат месо, јајца и млечни производи.

Маслото и виното се дозволени во сите денови, освен во понеделник, среда и петок. Овие денови се пости „на вода“.

Рибата се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица (празник познат и како Пречиста).

utre-pochnuvaat-bozhikjnite-posti-koga-se-jade-riba-a-koga-se-posti-na-voda-02.jpg

Во последната недела пред Божиќ, постот станува построг. Не се консумира риба и се препорачува да се пости на вода.

На Бадник не се консумираат ни масло ни вино и верниците постат само на вода.

Важно е за православните христијани од државите во кои Нова година се слави по новиот календар да не ги прекршат постите за новогодишната ноќ.

Се препорачува Нова година да ја слават по православниот календар, почитувајќи ги традицијата на предците и црковните правила.

utre-pochnuvaat-bozhikjnite-posti-koga-se-jade-riba-a-koga-se-posti-na-voda-03.jpg

Според толкувањето на многу свештеници, постот вклучува воздржување од мрсна храна, злобни мисли, сексуален нагон и лоши дела. Истовремено, се препорачува почесто молење и правење добро.

Целта на овој пост е чистење на телото, зајакнување на волјата и издигнување на душата над телото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg