Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни

Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како да го стопите путерот за вашите специјалитети? Овие трикови сигурно ќе ви се најдат...

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-01.jpg

Оние што редовно готват знаат дека понекогаш и најмалите трикови во готвењето може да бидат олеснителни и да им помогнат да се справат со секојдневните предизвици.

Погледнете со кои трикови за готвење се служат некои од најпознатите готвачи во светот, со коишто си ја олеснуваат работата:

Замрзнати лимони

Колкупати ви се случило да купите лимони или друго цитрусно овошје и тоа да се расипе за само неколку дена?

Сигурно не сте знаеле дека лимоните можете да ги ставите во пластични ќеси и да ги замрзнете, па на тој начин ќе успеете да ги сочувате и по неколку месеци.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-02.jpg

Путерот омекнете го во топла вода

Путерот ставен во микробранова печка или на пареа може брзо да се претвори во премногу течен.

Кога ви треба путерот да биде само благо омекнат за да можете да го размачкате, најдобро е да го ставите во сад со топла вода.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-08.jpg

Како да го исцедите вишокот вода од замрзнатиот зеленчук?

Кога сакате да подготвите замрзнат зеленчук лесно можете да го одмрзнете така што ќе го ставите во сад со топла вода.

За да се ослободите од вишокот течност во самиот зеленчук, најдобро е да го ставите во сад за процедување тестенини и да го оставите да се исцеди неколку минути.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-11.jpg.jpg

Биберот во зрно можете да го столчите со толчник за лук

Ако сакате да имате свежо столчен црн бибер во вашето јадење, а немате мелница, тогаш можете да се послужите со толчник за лук.

Притиснете ги зрнцата бибер и ќе добиете свежо столчен црн бибер.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-03.jpg

За ќофтиња изрендајте го кромидот

Секој што правел ќофтиња, знае дека кромидот треба да биде многу ситно исечкан за да не останат парчиња. Ова ќе го постигнете најлесно ако кромидот го изрендате, наместо да го сечкате.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg