Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни

Додајте сусам кога похувате храна

Ако сакате похуваната храна да биде уште повкусна, додајте малку сусам во лебните трошки.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-07.jpg

Чоколаден тост

Ако немате чоколаден крем, а ви се јаде благ тост, тогаш може да ставите парче чоколада меѓу две парчиња леб и да ги ставите во тостер.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-04.jpg

Крем салатите сервирајте ги со помош на шише

Ако сакате вашата крем салата да биде сервирана во совршена форма, како во рестораните, тогаш може да се послужите со прстен пресечен од пластично шише.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-05.jpg

Омлетот може да се свари

Ако сакате да подготвите омлет без масло, тогаш изматените јајца и зачините можете да ги ставите во квалитетна зип ќеса за замрзнување и да го сварите во топла вода.

Запомнете, потребно е да користите квалитетни ќеси за замрзнување, кои нема да се скинат или да се стопат при допир со топла вода.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-09.jpg

Пржени краставички

Ако немате тиквички во моментот, можете да испохувате свежи краставици. Вкусот е речиси идентичен.

Доколку не сакате да ги пржите, можете да ги извалкате во јајце и презла и да ги потпечете во обложен плех на температура од 200 степени Целзиусови, околу 15 минути.

kulinarski-trikovi-za-koi-duri-i-iskusnite-domakjinki-kje-bidat-blagodarni-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg