Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?

Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога станува збор за леб или ориз. Истото мислење го делат и кога станува збор за шеќер. Така, многумина веруваат дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот, но дали е ова вистина или само уште еден мит?

vistina-ili-mit-kafeaviot-seker-e-podobar-otkolku-beliot-01.jpg

Кафеавиот шеќер е помалку обработен од белиот шеќер.

За производство на обичен, бел шеќер, сокот од шеќерната трска најпрво се вари, а потоа се филтрира за да формира кристали. Во целиот овој процес се добива и супстанца позната како меласа која има кафеава боја.

Белиот шеќер е подложен на понатамошна обработка за да се отстрани меласата/

Едноставно кажано, кафеавиот шеќер е бел шеќер кој не го поминал целиот процес на рафинирање, па ја задржува бојата од меласата.

Двата вида шеќери содржат речиси иста хранлива вредност.

Поради тоа што е помалку обработен, кафеавиот шеќер содржи одредена количина минерали како калциум и калиум, додека белиот шеќер е чиста сахароза без витамини или минерали.

Главната разлика, покрај бојата, е во вкусот - кафеавиот шеќер има поинтензивен вкус.

Vistina ili mit Kafeaviot seker e podobar otkolku beliot 02

Двата вида шеќери се сè уште шеќери, и го имаат истиот ефект врз здравјето.

Генерално, не постои некоја разлика помеѓу двата вида шеќер кога станува збор за здравјето - треба да бидете умерени и со белиот, и со кафеавиот.

Сепак, во некои ситуации е подобро да користите бел, а во некои кафеав шеќер.

На пример, препорачливо е да го користите кафеавиот шеќер кога сакате побогат вкус без разлика дали правите торта, колачиња или некаков сос за скара.

Vistina ili mit Kafeaviot seker e podobar otkolku beliot 03

Во некои ситуации можете да го замените кафеавиот со бел шеќер и обратно. Но, имајте на ум дека ова ќе има влијание на вкусот.

На пример, колачињата направени со кафеав шеќер ќе бидат посочни и со поголема густина, додека оние направени со бел шеќер ќе бидат „воздушести“.

Поради ова, белиот шеќер се препорачува за храна која очекувате да биде повоздушеста.

Друга разлика е и бојата. Ако ставите кафеав шеќер, храната може да добие боја на карамела или кафеава нијанса.

Од друга страна, белиот шеќер генерално не предизвикува промена на бојата.

Што значи, дали ќе изберете бел или кафеав шеќер најмногу зависи од вас.

Vistina ili mit Kafeaviot seker e podobar otkolku beliot 01

Иако кафеавиот шеќер има повеќе минерали од белиот, ова количество е многу мало за да забележите некаква придобивка.

Не заборавајте и дека консумирањето шеќер треба да биде умерено. Односно, количеството додаден шеќер не треба да надмине 5-10% од дневното количество калории.

Ако имате проблеми со здравјето, ова количество може да треба да биде и помало.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg