Чоколадото „ангелска коса“ е новиот хит по „Дубаи“ – полнето е со шеќерна волна и ф'стак, чини 20 евра
Белгиското чоколадо кое се вика „ангелска коса“ внатре е полнето со шеќерна волна која наликува на коса и крем од ф’стак – оригиналот чини 21 евро, а на ТикТок се споделуваат рецепти за да си го направите дома. Ова е новиот хит по Дубаи чоколадото.
Дубаи чоколадото стана вистински вирален хит, па освен оригиналното чоколадо, видовме секакви можни варијации на „Дубаи“.
Дубаи торта, чизкејт, колачи, сладолед, мини чоколатца, крем и што уште не со вкусот на мешавината од чоколадо, ф’стак и кадаиф.
Погледнете и Баклава, Дубаи торта: Вкусни десерти со ф'стак низ локалите во Скопје
Сега, на социјалните мрежи се шири нов вирален хит, чоколадо кое се нарекува „ангелска коса“.
Оригиналното чоколадо е белгиско, од компанијата Tucho, која создава рачно полнети чоколади со богат вкус.
Нивното најново дело е направено од бело чоколадо со бебешко розова боја, а полнето е со шеќерна волна, крем од ф’стак и суптилен шмек на ванила, калинка и малина, а ова задоволство чини 21 евро на нивната официјална страница.
На Инстаграм и ТикТок веќе е хит, а многумина се снимаат додека го вкусуваат ова слатко задоволство, кое потсетува на вкусот од детството, надополнет со богат шмек на останатите состојки.
Кликнете на видеата за да ги погледнете:
Со оглед на тоа што нема начин оригиналното чоколадо да стигне до Македонија, освен ако некои од нашите компании и слаткарници не го направат, може да пробате да го подготвите сами.
Вкусот нема да биде ниту приближно ист, но на ТикТок се споделуваат рецепти - некои од нив се потешки, други полесни.
Споделуваме еден полесен рецепт - треба да стопите бело чоколадо и да додадете розова боја, истурате еден слој во калап, додавате шеќерна волна и крем од ф'стак, па покривате со уште еден слој чоколадо. Ставете во фрижидер да се стврдне и уживајте.
@senpaiimelisa Tahmin edin bu kadar güzel gözüken bir çikolatanın tadı neden kötü olduuu
♬ Salla - Atiye
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





