Зошто сите „полудеа“ по Дубаи чоколадото и како да го направите дома?

Во исто време е крцкаво и се топи во уста - сите што го пробале, се опседнале од прво залче. Зошто „Дубаи чоколадото“ со ф'стак и кадаиф стана вирален хит на социјалните мрежи и како да го направите сами?

zoshto-site-poludea-po-dubai-chokoladoto-i-kako-da-go-napravite-doma-01.jpg

Ако скролате по ТикТок и Инстаграм сигурно сте забележале како некој го пробува Дубаи чоколадото кое стана вирален хит.

Чоколадото e меко и се топи во уста, а она што го прави богат вкусот е филот направен од крем од ф’стак и кадаиф.

Многумина кои го пробале го опишуваат како кремасто, а сепак крцкаво и доволно е само едно залче за да сфатите зошто сите се опседнати со овој десерт.

zoshto-site-poludea-po-dubai-chokoladoto-i-kako-da-go-napravite-doma-02.jpg

Оригинално, чоколадото потекнува од слаткарницата Fix Dessert Chocolatier во Дубаи, па токму затоа и го носи името „Дубаи чоколадо“.

„Веќе долго време посакував да создадам ваква чоколада, но никогаш не замислував дека овие чоколадни коцки ќе станат толку популарни.

Тоа што гледам колку многу луѓе го сакаат ова чоколадо ме прави многу горда“ – изјавила за People магазинот Сара Хамуда, основачката на слаткарницата.

Во многу слаткарници низ светот се прави имитација на ова чоколадо, а го има дури и кај нас.

Сепак, на социјалните мрежи се споделуваат и многу домашни рецепти, па можете да пробате да го направите и сами.

Потребни состојки:

  • 4 млечни чоколади
  • Крем од ф’стак
  • Една чинија кадаиф
  • Путер

Начин на подготовка (може да правите промени по ваш вкус):

  • Прво стопете 2 чоколади во топла вода или на пареа и истурете ги на хартија за печење во калап за леб, па ставете во замрзнувач 20 минути.
  • Испржете го кадаифот на малку путер и додадете го кремот, измешајте додека не се соедини и истурете врз стврднатата чоколада.
  • Стопете ги и другите две чоколади и истурете ги врз филот од ф’стак.
  • Ставете го така подготвениот десерт во замрзнувач барем 1 час, па потоа послужете.

Погледнете видео постапка:

Во продолжение уште неколку видеа кои се доказ дека луѓето се опседнати со Дубаи чоколадата:

@moribyan

how to make the viral chocolate bar! Full recipe and deets are on the blog 🤎

♬ original sound - moribyan

@anna.antonje

A little Dubai chocolate asmr 😍🫶🏽

♬ Originalton - anna

@jelenadoskovic

Evo recepta za popularnu Dubai čokoladu, kombinaciju hrskave kadaif testenine i pistać krema u mlečnoj čokoladi 🥰 Sastojci: •150 g kadaif testenine (sitno iseckane) •50 g putera (istopljenog) •180 g pistać krema •300 g mlečne čokolade •dva reda bele čokolade (za dekoraciju, opciono) Priprema: Kadaif testeninu sitno iseckaj. U dubljem tiganju na srednjoj vatri istopi puter. Dodaj iseckanu kadaif testeninu i prži uz mešanje dok ne postane zlatno hrskava (oko 5-7 minuta). Kad je gotova, skloni sa vatre i ostavi da se ohladi. Kad se kadaif ohladi,dodaj pistać krem i sve lepo sjedini. Ja sam dodala i dve kašike mlevenih neslanih pistaća. Oblikovanje: Uzmi kalup po želji (najbolje silikonski) i prelij pažljivo mlečnu istopljenu čokoladu po dnu i ivicama. Po potrebi pređi dodatno u tankom sloju. (Mlečnu čokoladu istopi na pari ili u mikrotalasnoj) Ostavi čokoladu da se potpuno stegne u frižideru (oko 30 minuta ili u zamrzivaču par minuta) Popuni filom od krema i kadaifa, pa prelij ponovo otopljenom čokoladom i ostavi na hlađenju. Slatkoću i vrstu čokolade možeš prilagoditi prema svom ukusu, kao i dodati seckane pistaće za dodatnu teksturu. Prijatno ❤️ • • • #dubaiviralchocolate #dubaichocolate #dubaiviral #chocolate #pistachio #pistachiochocolate #cokolada #homemadechocolate #viral #viraltiktok #tiktokviral

♬ original sound - Jelena Doskovic

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg