Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица
Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња?
Во Фејсбук групата „Македонска софра“, во која нејзините членови секојдневно споделуваат бројни рецепти, Драгица од Струга откри дека подготвила варени ѓевречиња.
Во пресрет на викендот, го споделуваме со вас нејзиниот рецепт и можеби ќе ве мотивираме да ги направите и вие дома овие вкусни ѓевречиња.
Потребни состојки:
За тестото:
- 550g брашно
- 1,5 лажичка квасец
- 1 лажичка сол
- 300ml топла вода
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажици масло
За валкање:
-->
-->
- 80ml млака вода
- 1 лажица мед
- 2 ќесички сусам
-->
Начин на подготовка:
- Од сите состојки се замесува тесто, кое не треба да се лепи.
- Се остава да стаса убаво (да се удвои), па се дели на точиња и од секое топче се прави по еден ѓеврек.
- Во длабока чинија се става 80ml млака вода и една лажица мед.
- Секое ѓеврече се става во водата, а потоа се валка во сусам, па се реди во подмачкан плех.
- Се оставаат да отстојат околу 15 минути, а потоа се печат на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.
- Послужете ги толпи или кога ќе остинат, по ваша желба.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...