Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се придобивките од виралната „ретинол“ салата и како да ја направите?

Виралната ретинол салата е добра за кожата и покрај рецептот што е популарен, можете да додадете и друг зеленчук богат со витамин А и бета-каротен.

koi-se-pridobivkite-od-viralnata-retinol-salata-i-kako-da-ja-napravite-01.jpg

Ретинолот е форма на витаминот А и е состојка во многу продукти за убавина, како серуми за лице и лосиони.

Продуктите со ретинол се корисни за проблематична кожа, склона кон акни, а истовремено ги намалуваат и знаците на стареење.

Што е виралната ретинол салата?

Периодов на социјалните мрежи доста популарна е таканаречената ретинол салата за која многу инфлуенсерки тврдат дека им е препорачана и од нутриционист.

Станува збор за салата со состојки кои се богати со бета-каротен - кога внесуваме храна со бета-каротен, телото го претвора во активен витамин А, односно ретинол.

Исто така, салата има и намирници кои веќе се богати со витамин А.

Поради ова, се верува дека редовното консумирање на салатата со вакви намирници може да ја подобри состојбата на кожата, односно да ги намали воспаленијата и да го намали појавувањето на брчки.

Другите состојки во салатата, како маслиново масло и лимонов сок, исто така можат да имаат позитивно влијание врз состојбата на кожата.

koi-se-pridobivkite-od-viralnata-retinol-salata-i-kako-da-ja-napravite-03.jpg

Како да ја направите ретинол салатата?

Потребни состојки:

  • 5 моркови со средна големина
  • 2 чешниња лук
  • Малку маслиново масло
  • Соја сос
  • Сол и бибер
  • Малку јаболков оцет
  • Сусам
  • Сок од половина лимон

Начин ан подготовка:

  • Исчистете ги излупете ги морковите, исечете ги на ленти со нож за лупење и ставете и во сад за салата.
  • Истолчете го лукот и додајте го во садот со моркови.
  • Додајте ги останатите состојки, само внимавајте да не претерате со сол бидејќи соја сосот веќе е солен.

Во салатата слободно можете да додадете и други намирници богати со витамин А или бета-каротен, како спанаќ, црвени пиперки или сладок компир.

koi-se-pridobivkite-od-viralnata-retinol-salata-i-kako-da-ja-napravite-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња? ...
Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg