Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови

Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка храна, оваа паста салата со свеж зеленчук е идеална.

lesna-salata-so-makaroni-i-svezh-zelenchuk-idealna-za-toplite-denovi-01.jpg

Ако ви е смачено од готвење, јадење нарачана храна или свежите салати не ве најадуваат доволно, пробајте го овој рецепт.

Треба само да ги сварите макароните и сите останати состојки да ги додадете и измешате.

Количината на состојките можете да ја додавате по ваш вкус, па дури и со намирниците може да експериментирате, да додавате други или да одземете што не ви се допаѓа.

Потребни состојки:

  • Макарони
  • Свежа краставица, ситно сечкана на триаголници
  • Домати, сечкани
  • Пченка од конзерва
  • Пиперка, ситно сечкана
  • Кромид, ситно сечкан
  • Грав за салата, од конзерва
  • Свеж коријандер или микс зачини за салата
  • 6 лажици мајонез
  • 6 лажици павлака
  • 2 лажици јогурт
  • ½ лажичка сенф
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка чили зачин
  • Зачини по желба

Начин на подготовка:

  • Сварете ги макароните според упатството на пакувањето и оставете ги малку настрана да не бидат претопли. 
  • Префрлете ги макароните во длабок сад и истурете ги свежите состојки. 
  • Додајте ги кремастите состојки и зачините и измешајте убаво смесата да се соедини. 

За видео постапка кликнете на стрелката на објавата:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...
Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња? ...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg