Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та?

Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно, кога Месечината е полна или млада, треба да постите во период од 24 часа. Исто така, можете да постите и кога месечината е во последната или првата четвртина.

shto-pretstavuva-lunarnata-dieta-i-koga-da-ja-drzhite-vo-2024-ta-01.jpg

Лунарната или месечева диета подразбира еден вид постење во зависност од фазите на Месечината. Односно, треба да постите кога Месечината е полна, млада, во прва или во последна четвртина.

Можете да постите само кога Месечината е пола или млада или, пак, во секоја од четирите фази.

Постењето трае 24 часа и во овој период може да се консумираат само вода и природни сокови.

Важно е постот да почне точно кога почнува и фазата на месечината за најголем ефект. Исто така, важно е да пиете многу вода, повеќе од вообичаено.

Препорачливо е да пиете и природни сокови за телото да добие некакви хранливи материи. Можете да пиете и чај, но без шеќер или каков било засладувач.

shto-pretstavuva-lunarnata-dieta-i-koga-da-ja-drzhite-vo-2024-ta01.jpg

Пијалаците кои содржат шеќер, масти или сол се забранети. Што значи, не смеете да пиете алкохол, млеко или што било што содржи шеќери или адитиви.

Се верува дека со оваа диета ќе се ослободите од таканаречената водна тежина, односно тежината што ја предизвикува задржувањето на водата во телото.

Исто така, се верува дека диетата ја подобрува дигестијата, но и дека го зајакнува имунитетот.

Секако, за најдобри резултати, важно е да внимавате на исхраната и да бидете активни во текот на целиот месец.

Постењето не треба да трае повеќе од 24 часа и секогаш е добро да се консултирате со лекар пред да ја почнете диетата.

shto-pretstavuva-lunarnata-dieta-i-koga-da-ja-drzhite-vo-2024-ta023.jpg

Во продолжение можете да ги погледнете месечевите фази за 2024-та, заедно со часот во којшто почнуваат:

Јануари

  • 4-ти јануари, 04:30 - Последна четвртина
  • 11-ти јануари, 12:57 - Млада месечина
  • 18-ти јануари, 04:52 - Прва четвртина
  • 25-ти јануари, 18:54 - Полна месечина

Февруари

  • 3-ти февруари, 00:18 - Последна четвртина
  • 9-ти февруари, 23:59 - Млада месечина
  • 16-ти февруари, 16:00 - Прва четвртина
  • 24-ти февруари, 13:30 - Полна месечина

Март

  • 3-ти март, 16:23 - Последна четвртина
  • 10-ти март, 10:00 - Млада месечина
  • 17-ти март, 05:10 - Прва четвртина
  • 25-ти март, 08:00 - Полна месечина

Април

  • 2-ри април, 05:14 - Последна четвртина
  • 8-ми април, 20:20 - Млада месечина
  • 15-ти април, 21:13 - Прва четвртина
  • 24-ти април, 01:48 - Полна месечина

Мај

  • 1-ви мај, 13:37 - Последна четвртина
  • 8-ми мај, 05:21 - Млада месечина
  • 15-ти мај, 13:48 - Прва четвртина
  • 23-ти мај, 15:53 - Полна месечина
  • 30-ти мај, 19:12 - Последна четвртина

Јуни

  • 6-ти јуни, 14:37 - Млада месечина
  • 14-ти јуни, 07:18 - Прва четвртина
  • 22-ри јуни, 03:07 - Полна месечина
  • 28-ми јуни, 23:53 - Последна четвртина

Јули

  • 6-ти јули, 00:57 - Млада месечина
  • 14-ти јули, 00:48 - Прва четвртина
  • 21-ви јули, 12:17 - Полна месечина
  • 28-ми јули, 23:53 - Последна четвртина

Август

  • 4-ти август, 13:13 - Млада месечина
  • 12-ти август, 17:18 - Прва четвртина
  • 19-ти август, 20:25 - Полна месечина
  • 26-ти август, 11:25 - Последна четвртина

Септември

  • 3-ти септември, 03:55 - Млада месечина
  • 11-ти септември, 08:05 - Прва четвртина
  • 18-ти септември, 04:34 - Полна месечина
  • 24-ти септември, 20:49 - Последна четвртина

Октомври

  • 2-ри октомври, 20:49 - Млада месечина
  • 10-ти октомври, 20:55 - Прва четвртина
  • 17-ти октомври, 13:26 - Полна месечина
  • 24-ти октомври, 10:03 - Последна четвртина

Ноември

  • 1-ви ноември , 13:47 - Млада месечина
  • 9-ти ноември, 06:55 - Прва четвртина
  • 15-ти ноември, 22:28 - Полна месечина
  • 23-ти ноември, 02:27 - Последна четвртина

Декември

  • 1-ви декември, 07:21 - Млада месечина
  • 8-ми декември, 16:26 - Прва четвртина
  • 15-ти декември, 10:01 - Полна месечина
  • 22-ри декември, 23:18 - Последна четвртина
  • 30-ти декември, 23:26 - Млада месечина

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Што да јадете и пиете пред прослава со многу храна (за да избегнете проблеми со варење)? Чајот од нане е добар за дигестивниот систем и можете да го пиете превентивно, о...
6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можн...
Путер, јајца, млеко – дали и колку време е безбедно да ги чувате овие намирници надвор од фрижидерот... Несоодветното чување на храната со себе носи многу опасности. Што се&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg