6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи
Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можност за тоа.
Сите во одреден период од животот сакаат да ослабат, особено кога наближува летниот период. Но, самата идеја за диета и гладување нè оддалечува од оваа цел.
Но, што ако овој прв чекор не мора да биде толку тежок?
Како да ослабите без (големи) промени во исхраната?
Движете се
Речиси ист број на калории се губи на секој километар, без разлика дали трчате или шетате. Се разбира, со трчање побрзо ќе ги согорите калориите, но за губење на тежина се бројат калории, а не минути.
Движете се повеќе, тргнете порано на работа и наместо да одите со автомобил, пешачете. Променете ја рутината - наместо да седите на кафе со вашите пријатели, качете се на планина или прошетајте низ природа.
Бидете трпеливи и наскоро ќе ги изгубите килограмите, без разлика што јадете.
Планирајте ги оброците
Кога немате план или идеја што да јадете или готвите, најверојатно ќе го одберете она што прво ќе ви падне под рака, што е најчесто најкалоричното јадење.
Наместо тоа, обидете се да ги планирате оброците.
Планирајте го денот однапред - што ќе јадете за појадок, ручек и вечера, што ќе ви биде ужина...
Планирањето ќе ви помогне да ги промените своите навики, да направите здрав избор и да ја тренирате дисциплина.
Намалете го количеството на масло и масти во исхраната
Печете ја храната, наместо да ја пржите, јадете салата само со оцет и слично.
Во најлош случај – бидете свесни за тоа колку е калорично маслото и обидете се да ја намалите неговата употреба.
Заменете ја калоричната храна со алтернативна верзија на истата
Ќе се изненадите колку калории можете да заштедите со едноставно менување на храната или начинот на подготовката.
Ќе јадете иста количина на храна, но во многу поздрава варијанта, доколку:
- Печете го компирот, наместо да го пржите;
- Служете пилешко без кожа, наместо со кожа;
- Заменете ја сланината со печеница;
- Заменете го лебот со тестенини или ориз.
Гответе
Ова не значи дека не можете повремено да јадете во ресторани, но штом ќе имате можност, гответе дома за себе.
Готвењето ви дава можност да бирате што ќе додавате во храната што ја јадете, однапред да ја одредите големината на оброкот и ќе можете да ја носите храната на работа, наместо да купувате.
Ако мислите дека немате талент за готвење, доволно е да научите да правите неколку лесни јадења што може да ги направи буквално секој.
И, секако, не очекувајте дека ќе изгубите неверојатен број на килограми, но веројатно доволно да ја почувствувате разликата и да тргнете во вистинската насока. Почетокот е најважен, потоа сè друго станува многу полесно.
Ашера | Црнобело