7 намирници кои никако не треба да ги јадете пред вежбање – создаваат гасови и киселини
Соковите и цитрусното овошје ќе ви предизвикаат киселини додека храната со здрави масти, како авокадо, се вари побавно, па може да ви предизвика грчеви.
По обилен оброк, препорачливо е да почекате два-три часа пред да вежбате, со цел да ги избегнете грчевите кои може да се јават доколку стомакот ви е полн.
Но, постојат намирници кои можат да ви создадат проблеми за време на вежбањето и неколку часа подоцна.
Намирници кои е најдобро да ги избегнувате пред тренинг:
Храна со здрави масти
Намирниците како авокадо и јаткасти плодови се варат побавно, па можат да ви предизвикаат грчеви за време на вежбањето.
Исто така, подолго ќе се чувствувате многу сито, а ова може да ви го отежне вежбањето.
Салати
Салатите се секогаш добар оброк, но зеленчуците со многу хранливи влакна ја забавуваат дигестијата.
Па, може да чувствувате подуеност, што секако ќе го отежни вежбањето.
Грав
Гравот има високо количество хранливи влакна, а создава и гасови и ова може да трае повеќе од два-три часа.
Истото важи и за другите мешункасти плодови.
Цитрусно овошје
Иако е лесно за дигестија, цитрусното овошје сепак е кисело. Па, ако вежбате откако ќе изедете портокал или друго слично овошје, може да ви се создадат киселини додека вежбате.
Од овошје, многу подобар избор е јаболко или банана.
Сокови
Слично како цитрусното овошје, и соковите можат да ви предизвикаат киселини додека вежбате.
Лута и многу зачинета храна
Избегнувајте лута и многу зачинета храна пред вежбање бидејќи го отежнува варењето и ќе ви предизвика болка и киселини.
Протеински шејкови
Освен ако не станува збор за продукт наменет за пред вежбање, протеинските шејкови и слично треба да ги пиете по тренинг.
Од една страна, немаат доволно хранливи материи за да ви ја дадат потребната енергија, а од друга поефикасни се ако ги пиете по вежбање.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





