Во текот на животот се фасцинираме со боите, некои ни се омилени, некои не ги приметуваме, а некои не можеме да ги поднесеме. Дали нашата емотивна определба за боите е само прашање на вкус? Хромотерапијата нè убедува дека боите влијаат на човекот, неговото расположение, физичката и менталната состојба.