Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна форма
Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за главен показател за невиност, но дали тоа е така? Мора ли хименот да се скине при првиот сексуален однос и какви типови на мембрани постојат? Прочитајте неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле...
Сфаќањата дека хименот е сигурен показател за невиност се сметаат за застарени и нерелевантни, иако во некои култури сѐ уште постои традицијата на вадењето „крвави чаршафи“ по првата брачна ноќ, додека од девојките и жените се бара да бидат невини сѐ до стапувањето во брак.
Неколку интересни факти за хименот што можеби не сте ги знаеле:
Зборот химен потекнува од старогрчкиот јазик и означува „мембрана“, а всушност е мало парче розова кожа (со идентична боја како вагината) што се наоѓа во внатрешноста на вагиналниот отвор.
Иако често се верува дека е така, хименот не е целосна мембрана што го прекрива вагиналниот отвор, па од тие причини менструалната крв може да излезе од отворот и пред воопшто девојката да биде сексуално активна.
Многу мал жени се родени со непробоен химен (односно химен без отвори), па кај нив понекогаш е потребно да се направи мал хируршки зафат за менструацијата да може да истекува.
Обликот и формата на хименот може да биде различен кај секоја жена и може да се наоѓа на различен дел од вагиналниот отвор. Најчесто е во форма на „крофна“ со дупка на средината, а кај некои жени може да има и повеќе кружни дупчиња или отвори во форма на полумесечина.
Иако во сите култури се верува дека хименот се кине при првиот сексуален однос, вистината е дека тој во основа се растегнува. Не мора да значи дека тој мора да се скине за време на првиот сексуален однос, но најчесто тој се кине како последица на тоа што е истрошен.
Кај некои девојки хименот може да се скине и пред сексуалниот однос како последица на секојдневните активности како возење велосипед, гимнастика, јавање коњ, качување, напорни тренинзи, мастурбација, користење тампони или при гинеколошки преглед и ПАП тест.
Некои жени може да почувствуваат блага болка или слабо крвавење кога хименот ќе се скине, но најголемиот дел не чувствуваат ништо, а ако користите тампони во деновите со менструација, може да се случи хименот да се скине сам од себе со текот на времето.
Хименот не може да зарасне или одново да порасне. Тој се формира уште додека бебето е во утробата на мајката.
Некои жени се родени со многу мал химен или без химен. Тоа е сосема нормално и не значи дека им треба каква било медицинска помош.
Во минатото честопати се правеле т.н. лекарски прегледи за невиност, што во последните неколку години се сметаат за застарени, затоа што во основа не постојат цврсти докази што може да укажат на тоа дали девојката или жената имала сексуален однос или кај неа хименот е растегнат од физички активности.
По кинењето, деловите од хименот најчесто се вовлекуваат во вагината, па затоа денес доста развиена е хименопластиката, односно операцијата за реконструкција на хименот која им се нуди на девојките кои биле жртви на сексуален напад или пак од други причини сакаат да ја вратат „невиноста“.
Б. С. Б. | Црнобело