Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува?

Кога менопаузата се јавува пред 45-тата година од животот, тогаш се нарекува рана менопауза. Дел од најчестите симптоми се проблеми со спиењето, промени во либидото, како и променливо расположение.

koi-se-najchestite-simptomi-na-rana-menopauza-i-zoshto-se-javuva-01.jpg

Менопаузата е нормален дел од животот на секоја жена и генерално настапува помеѓу 45-тата и 55-тата година.

Сепак, кај некои жени менопаузата може да се јави и пред 45-тата година. Во тој случај се нарекува рана менопауза.

Постојат неколку причини за појава на рана менопауза:

Проблеми со јајниците – во овој случај јајниците престануваат да произведуваат одредени хормони.

Третмани за рак – хемотерапијата и радиотерапијата можат да предизвикаат проблеми со јајниците. Овие проблеми можат да бидат привремени или трајни.

Отстранување на јајниците – отстранувањето на двата јајника поради која било причина предизвикува рана менопауза.

koi-se-najchestite-simptomi-na-rana-menopauza-i-zoshto-se-javuva-02.jpg

Најчестите симптоми на рана менопауза:

Проблеми со спиењето

Поради промените кои се случуваат во телото, како ноќното потење, раната менопауза може да предизвика проблеми со спиењето.

Па, ако сте помлади од 45 години, а немате други проблеми кои би го предизвикале ова, разговарајте со вашиот гинеколог.

koi-se-najchestite-simptomi-na-rana-menopauza-i-zoshto-se-javuva-03.jpg

Промени во либидото

Со менопаузата се намалува нивото на естроген, а ова може да има влијание врз либидото.

Можете да забележите намалена желба за секс, како и намалена чувствителност на допири.

Истовремено, и промените во расположението можат да ја намалат желбата за секс.

koi-se-najchestite-simptomi-na-rana-menopauza-i-zoshto-se-javuva-04.jpg

Проблеми со мочниот меур

Друг чест симптом се проблемите со мочниот меур. Односно, кај жените во рана менопауза може да се намали контролата над мочниот меур.

Ова значи дека ќе забележите промени при мокрењето - потребата за одење во тоалет може да почне да се јавува понагло, а можно е и да забележите капки урина на долната облека по кивање, кашлање и слично.

Можно е да се зголеми потребата за одење во тоалет во текот на ноќта.

koi-se-najchestite-simptomi-na-rana-menopauza-i-zoshto-se-javuva-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg