Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува?
Променливо расположение
Хормоналните промени се една од главните причини за променливото расположение.
Можно е да почувствува поголема раздразливост, блага депресија, а во некои случаи се јавуваат и посериозни проблеми со менталното здравје.
Нередовна менструација
Кога настапува менопаузата, менструацијата не престанува одеднаш. Во повеќето случаи, менструацијата може да стане пократка или нередовна.
Генерално, ако жената не добие менструација 12 месеци, тогаш „официјално“ може да се дијагностицира со менопауза.
Нагли промени на температурата на телото
Ова е еден од најизразените симптоми и го чувствуваат скоро сите жени.
Ако одеднаш, без никаква причина ви станува многу топло или многу студено, разговарајте со гинеколог.
Постои ли третман за рана менопауза?
Во зависност од причината за појавата на рана менопауза, вашиот гинеколог може да ви одреди терапија.
Во некои случаи, на жените им се препишуваат таблети за контрацепција или хормонални терапии кои се примаат додека не дојде вообичаената возраст за менопауза.
Доколку сте имале некаков вид рак, можно е хормоналните терапии да не бидат соодветни за вас.
Секоја жена е различна, па важно е да се консултирате со гинеколог кој ќе утврди што е најдобро за вас.
Менопаузата може да биде стресен период за секоја жена, особено ако се појави на порана возраст.
Доколку ви е тешко да се справите со овој период, не двоумете се да побарате и помош од психолог или психијатар.
Спирова С. | Црнобело