Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар?

Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бидејќи мислат дека со тоа го намалуваат ризикот од инфаркт. Проблемот настанува кога луѓето го прават ова без консултација со лекар и си го зголемуваат ризикот од други проблеми – од анемија до чир на желудникот.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-01.jpg

Добро познат факт е дека аспиринот може да го намали ризикот од инфаркт. Поради ова, многу луѓе, особено повозрасни, имаат навика да го пијат често, дури и кога немаат реална потреба од лекот.

Но, оваа навика може да биде опасна и да ви предизвика сериозни проблеми.

За што се користи аспиринот и како го намалува ризикот од инфаркт?

Аспиринот е лек кој се користи за треска, како и против болка со слаб или среден интензитет. Овде спаѓаат главоболки, менструални болки, забоболки и слично.

Аспиринот го спречува лачењето на одредени супстанци кои предизвикуваат треска, болка и отоци.

Генерално, аспиринот е лек што се издава без рецепт, но има и посилни лекови со аспирин кои се издаваат само со рецепт.

Аспиринот има влијание врз згрутчувањето на крвта. А, токму згрутчената крв во вените е причината за инфаркт.

Аспиринот го намалува згрутчувањето на крвта, па многумина мислат дека ако редовно го пијат лекот, ќе го намалат ризикот од инфаркт.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-02.jpg

Дали треба превентивно да пиете аспирин за да спречите инфаркт?

Никако немојте да почнете да пиете аспирин за превенција на инфаркт, освен ако не добиете препорака од вашиот лекар.

Со возраста, ризикот од инфаркт се зголемува. Но, уште повеќе се зголемува ризикот од неконтролирано крвавење предизвикано од аспиринот.

Ако имате мал ризик за инфаркт, пиењето аспирин секој ден може само да ви создаде проблеми.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-03.jpg

Што може да се случи ако пиете аспирин на своја рака?

Според NPR, кај лица кај кои не постои ризик од инфаркт, редовното пиење аспирин само го зголемува ризикот од внатрешно крвавење, особено ако се повозрасни.

За Daily Mail професорот и доктор Роб Галовеј истакнува дека аспиринот не треба да се пие секој ден без препорака од лекар.

„За луѓе со силна болка во градите, кои веројатно имаат инфаркт, аспиринот може да им го спаси животот… Но, како и секој лек, постојат ризици“.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-04.jpg

Д-р Роб вели дека новите истражувања покажуваат дека токму способноста на аспиринот да го намали згрутчувањето на крвта може да предизвика проблеми.

„Низ годините, имало многу истражувања кои предупредуваат за несаканите ефекти од лекот, кои вклучуваат внатрешно крвавење и чир на желудникот. Неодамна имаше и истражување кое открива дека може да предизвика и анемија.

Како што старееме, ризикот од анемија се зголемува од многу причини – во организмот се апсорбира помалку железо, организмот произведува помалку крвни зрнца и бубрезите лачат помалку од хормонот кој помага во производството на црвени крвни зрнца. Но, истражувањето покажало дека ризикот од анемија е 20 поголем кај постари луѓе кои редовно пиеле аспирин.

Експертите советуваат да земате мала доза аспирин само ако лекарот ви препорача бидејќи сте изложени на поголем ризик од инфаркт или мозочен удар. Исто така, ние лекарите сме внимателни кога препишуваме долготрајна терапија со аспирин.

Аспиринот е лек кој сите треба да го имаат дома за итни случаи. Но, следете го правилото – немојте сами да се лекувате и секогаш прво разговарајте со вашиот лекар“.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-05.jpg

Кој може да пие аспирин за превенција на инфаркт?

Повторно нагласуваме дека не треба да почнете да пиете аспирин без консултација со лекар.

Сепак, некогаш лекарите ги советуваат своите пациенти да почнат превентивна терапија со аспирин, и тоа во следниве случаи:

  • Пациенти на возраст од 40 до 59 години кај кои ризикот за појава на инфаркт во наредните десет години е значително голем.
  • Пациенти кои немаат доживеано инфаркт, но имале одредени операции на срце или имаат други медицински состојби кои го зголемуваат ризикот од инфаркт.
  • Пациенти помлади од 60 години кои имаат дијабетес и се изложени и на друг ризичен фактор за појава на инфаркт, како пушење или висок крвен притисок.

zoshto-ne-treba-chesto-da-piete-aspirin-na-svoja-raka-bez-preporaka-od-lekar-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg