Кои се причините за појава на сколиоза и може ли да се спречи?

Во зависност од причината за нејзиното настанување, како и видот на искривувањето, постојат неколку видови сколиоза. Во некои случаи, особено кај деца и тинејџери, се препорачува носење протеза, додека кај посериозните случаи кај возрасни можно е да има потреба и од операција. Што друго треба да знаете за сколиозата?

koi-se-prichinite-za-pojava-na-skolioza-i-mozhe-li-da-se-sprechi-01.jpg

Сколиозата претставува искривување на ’рбетот и може да се јави кај лица од секоја возраст.

Важно е да знаете дека генерално сколиозата не е знак за некој сериозен здравствен проблем и во некои случаи состојбата на ’рбетот може да се подобри со соодветни третмани.

Неколку (основни) работи за сколиозата што е добро да ги знаете

Иако може да се јави кај секого, сколиозата најчесто се јавува на возраст помеѓу 10 и 15 години.

Според American Association of Neurological Surgeons, сколиозата се јавува кај 2-3% од населението.

Додека повеќето случаи се благи, ризикот кај женските е поголем. Односно, кај женските постои осумпати поголем ризик сколиозата да се влоши и да биде потребен третман.

koi-se-prichinite-za-pojava-na-skolioza-i-mozhe-li-da-se-sprechi-02.jpg

Постојат неколку видови сколиоза во зависност од причината за нејзиното настанување.

Најчестиот вид е таканаречената адолесцентска идиопатска сколиоза која обично се дијагностицира за време на пубертет.

Сè уште се дебатира дали неправилното седење и неправилното држење на телото го зголемуваат ризикот од овој вид сколиоза.

Вториот вид е конгенитална, нарекувана и вродена сколиоза.

Во овој случај деформитетите настануваат во ембрионалната фаза на развој. Бидејќи деформитетите се воочливи уште при самото раѓање, овој вид сколиоза се дијагностицира на многу порана возраст.

Третиот вид е невромускулна сколиоза која, на некој начин, е симптом на некое невролошко или мускулно заболување. Невромускулната сколиоза може да биде знак за церебрална парализа или да биде предизвикана од повреди на ’рбетот, мускулна дистрофија и слично.

Видовите сколиоза можат да се класифицираат и според видот на искривување на 'рбетот.

koi-se-prichinite-za-pojava-na-skolioza-i-mozhe-li-da-se-sprechi-03.jpg

Кои се симптомите на сколиоза и како се дијагностицира?

Постојат некои физички знаци кои укажуваат на сколиоза. Ако ги забележите (кај вас или кај вашето дете) препорачливо е да одите на лекар.

Покрај очигледното искривување на 'рбетот, дел од најчестите симптоми се:

  • Нееднакви рамена – можно е едната или двете плешки да бидат испакнати.
  • Нерамномерно поставени колкови
  • Нерамномерно поставен граден кош
  • Наваленост на целото тело кон едната страна
  • Кај некои пациенти може да се јави и болка во грбот.

Ако пациентот покажува некои од наведените симптоми, лекарите прават различни тестови за да утврдат дали станува збор за сколиоза.

Овде спаѓаат рендгенски снимки и магнетна резонанца.

koi-se-prichinite-za-pojava-na-skolioza-i-mozhe-li-da-se-sprechi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg