Кои се причините за појава на сколиоза и може ли да се спречи?
Постои ли лек за сколиоза?
Откако ќе се добие дијагноза, во зависност од видот и сериозноста на сколиозата, лекарите можат да препорачаат неколку третмани.
Најпрво тие земаат предвид неколку ризични фактори, како:
- Возраст – дали ’рбетот на пациентот уште расте и се развива
- Степен на искривеност – колку е искривен ’рбетот и какво влијание има врз животот на пациентот
- Местоположба на искривеноста
- Можност за влошување на сколиозата
Откако ќе се утврдат овие фактори, се одредува соодветен третман, како протези или операција.
Некогаш кај бебињата и многу малите деца нема потреба од третман бидејќи во многу случаи постои можност ’рбетот да се исправи самиот од себе.
Кај деца, чиј ’рбет уште се развива, обично лекарите препорачуваат протези.
Протезата генерално нема да ја „исправи“ сколиозата, но може да го спречи понатамошното искривување.
Протезите се носат по неколку часа на ден (обично помеѓу 13 и 16). Кога ’рбетот ќе престане да се развива, односно детето повеќе нема да расте во висина, протезата престанува да се носи.
Постојат неколку видови операции за сколиоза кои им се прават на возрасни и генерално се препорачуваат за посериозни случаи.
Можен ли е удобен живот со сколиоза?
Генерално, сколиозата не предизвикува болка и други здравствени проблеми. Истовремено, кога телото ќе престане со растење, во повеќето случаи сколиозата не се влошува.
Ова значи дека луѓето со сколиоза можат да имаат нормален живот и без проблем да изведуваат разни активности, вклучувајќи и вежбање.
Сепак, протезите што ги носат децата и тинејџерите можат да создадат проблеми со самодовербата поради нивниот изглед.
Доколку вашето дете носи протеза, важно е да му помогнете да се справи и со психолошките последици. Ако има потреба, не двоумете се да го однесете на разговор со професионалец.
Спирова С. | Црнобело