Тејлор Свифт со приврзок на бутот, Бијонсе со смело деколте – Што облекоа познатите на Греми наградите 2025? (фото)
И бившата на Канје, Џулија Фокс, се појави по долна облека, Карди Би во фустан со пердуви кои делуваат реално, a Џеј Ло во светкаво и проѕирно здолниште со уникатен дизајн – што облекоа славните на Греми 2025?
Греми наградите се секогаш место каде се собираат најдобрите стајлинзи на познатите кои подоцна за многумина служат како инспирација, освен скандалозното голо појавување на сопругата на Канје Вест.
Оваа година, забележлив беше трендот на целосно црн аутфит, кој го прифатија Мајли Сајрус, Лејди Гага, Оливиа Родриго, Џеј Балвин и многу други.
Но, ниту светките не беа изоставени од модните комбинации, па така Сабрина Карпентер воодушеви во златна тоалета, а Тејлор Свифт во краток светкав, црвен фустан со интересен додаток приврзок со нејзината буква.
Одела, волуменозни креации, мини и впечатливи фустани, висок шлиц и проѕирни материјали – што облекоа познатите на Греми 2025?
Прочитајте и Моменти што го одбележаа доделувањето на Греми 2025 + најсмешните твитови за настанот
Погледнете повеќе модни изданија во продолжение:
M. M. | Црнобело