Бурак Озџивит не ги одлепува рацете од сопругата, Бурак Ардуч не старее: Турските актери издоминираа на настан во Ријад
Туба Бујукстун и Бурак Озџивит со сопругата Фахрије Евџан, беа дел од турските ѕвезди кои оставија впечаток на црвениот тепих на Joy Awards 2025 во Ријад, Саудиска Арабија.
Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, минатиот викенд беше престолнина на гламурот.
Таму, се собра кремот на светската и арапската кинематографија, за доделувањето на наградите Joy Awards 2025.
На црвениот тепих продефилираа Метју Меконахи со сопругата, Ентони Хопкинс, Кристина Агилера, Аманда Сејфрид...
Но, сепак, најголемото внимание го привлекоа ѕвездите на турските серии и филмови.
Популарниот Бали бег, актерот Бурак Озџивит, на настанот дојде со својата сопруга, актерката Фахрије Евџен.
Парот го привлекува вниманието каде и да се појави, па така беше и овој пат на црвениот тепих, каде што Бурак не ги одвои рацете од својата згодна сопруга.
Тие делуваа среќни еден покрај друг, со што уште еднаш го потврдија епитетот „најзаљубениот пар во Турција.
Популарната Аси, актерката Туба Бујукстун, на настанот дојде во црно-бел фустан, дополнет со високи ракавици и скапоцен накит.
Актерката изгледаше прекрасно, а фановите коментираат дека таа не старее.
Подеднакво впечатлива беше и актерката Ханде Ерчел, која блесна со гламурозен фустан креиран од Либанецот Зухаир Мурад.
На црвениот тепих се појави и заводникот Бариш Ардуч, или популарниот Омер од „Вљубениот ерген“.
Актерот воодушеви со својот стил - класичен црн костум и насмевка со која плени.