Моменти што го одбележаа доделувањето на Греми 2025 + најсмешните твитови за настанот
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
Немаше ништо побизарно од голата Бјанка Сенсори на годинешното доделување на Греми наградите, но имаше и други моменти кои ги инспирираа твитерџиите со смисла за хумор - Сабрина Карпентер се напи алкохол од плоска, Бијонсе се збуни и не се сети да стане да си ја земе наградата...
Синоќа (02.02) се одржа 67-то издание на Греми наградите каде се избираа најдобрите песни и артисти од минатата година.
Настанот се одржа во Лос Анџелес, а покрај музичките ѕвезди, им се оддаде почит и на пожарникарите и сите кои беа вклучени во гаснењето на пожарите што опустошија дел од градот.
Бијонсе ја освои главната награда – најдобар албум за 2024-та, а меѓу добитниците беа и Сабрина Карпентер, Кендрик Ламар, Лејди Гага, Бруно Марс…
Секако, покрај доделувањето на наградите, секоја година настанот го одбележуваат и забавни, но и непријатни случки.
А, овие моменти се и инспирација за твитерџиите со смисла за хумор.
На годинешното доделување, веројатно ништо не се ни споредува со голата Бјанка Сенсори која беше и избркана од настанот.
Но, сепак има и други моменти кои вреди да се спомнат.