Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2024-та?
Ексклузивни интервјуа со ѕвезди од регионот, љубовни приказни на познати Македонци, но и на странци кои се во љубов со нашинци, репортажи за прекрасни места низ нашата земја, разговор со успешни Македонци на светот – издвојуваме топ 100 вести кои ги читавте најмногу во 2024-та на CRNOBELO.com
На последниот ден од 2024, правиме резиме на годината, односно на оние статии кои се најдоа помеѓу најчитаните во изминатите 12 месеци.
И оваа година, како и секоја друга, се обидовме да ви ја направиме поинтересна, да ви пренесеме забавни љубовни приказни, да ви претставиме успешни личности од кај нас кои се истакнуваат и во светот, но и да ве потсетиме на некои подзаборавени личности од естрадата.
Понекогаш ви будиме носталгија по некои подобри времиња, ве подучуваме на разни здравстени теми преку интервјуа со доктори од разни области, а за жал понекогаш ве информираме и за некои не толку добри вести.
За среќа, добрите вести секогаш преовладуваат кај нас, а во продолжение издвојуваме листа со топ 100 најчитани статии за 2024 на CRNOBELO.com.
Потсетете се на сите што сте ги пропуштиле со кликање на насловот што ве интересира:
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудиска Арабија“
Докторка од Берово запросена на смена во Итна медицинска помош: „Очекував пациент, но влезе партнерот со прстен“
Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото)
Анита (28) од Берово го победи туморот и сега е бремена: „Докторите ми предвидоа 8% шанси за живот“
Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24?
„Мислеше дека сум милионер, а јас живеев во распаднато студио“: Мили за љубовта со згодната сопруга
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми го покажа вистинскиот пат“
Познатите парови на Златна Бубамара '24: Тамара и Лука, Наум и Зуица
Татјана Стојановска за стилот и убавината: „Редовно ставам ботокс на челото, тоа ми овозможува посвеж изглед“
Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото)
Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во Македонија“
Каде се и како изгледаат денес учесниците на првиот „Македонски идол?“
„Собрав храброст и појдов кај твоите, сè мириса на тебе“: Весна Петрушевска емотивна за роденденот на Тоше
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото)
Миа од Скопје игра во серијата „Балканска приказна“: „Сама го научив јазикот, имав само половина час да се подготвам за улогата“
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и моите деца“
Кристине од Струмица е мажена за Кореец: „Се вљубив на прв поглед, имавме традиционална корејска свадба – траеше само 2 часа“
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Фаци
Перо Антиќ повторно заљубен и среќен, со новата девојка се возат во пижами
Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката
Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика на харфа и трубачи
Успешни Македонци низ светот: Д-р Ана Кацарска е гинеколог – акушер во Дубаи
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





