Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Собрав храброст и појдов кај твоите, сè мириса на тебе“: Весна Петрушевска емотивна за роденденот на Тоше

„Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина“, пишува Весна Петрушевска во емотивната објава по повод роденденот на Тоше Проески.

sobrav-hrabrost-i-pojdov-kaj-tvoite-se-mirisa-na-tebe-vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-toshe-01.jpgфото: Инстаграм

Денес, 25-ти јануари, Тоше Проески би го прославил својот 43-ти роденден.

На овој ден, многумина се присетуваат на нашата ѕвезда, а Весна Петрушевска сподели и мошне емотивна објава.

Во видео, водителката споила неколку фотографии од Тоше и неа, а во описот откри дека отишла да ги посети неговите родители.

Како што вели, по долги години собрала храброст, а домот сè уште ја потсетувал на него.

sobrav-hrabrost-i-pojdov-kaj-tvoite-se-mirisa-na-tebe-vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-toshe-04.jpgфото: Инстаграм

„Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина.

Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов.

Сè мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме, сега е полна со твои слики и има многу топлина.

Мајка сè уште ја прави најубавата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан, тоа беа твоите дланки, исти.

Однесов за тебе за душа, за роденденот.

Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега, срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол.

Мајка ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели: ’17-та тераме‘.

На влезот има една огромна фотографија од тебе и Дори. Таму сте најубави.

Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто, како знаеше само ти.

Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење.

Денес е денот на твоето раѓање. 43.

Те сакам до небото и назад“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg