Докторка од Берово запросена на смена во Итна медицинска помош: „Очекував пациент, но влезе партнерот со прстен“

„Бев втора смена во Итната медицинска помош. Ѕвончето заѕвоне и станавме на штрек мислејќи дека е пациент, но влезе Андреј со другарите и клекна пред мене со прстен. Се шегувавме со колегите дека тука ете и нешто добро се случува“ – раскажува за CRNOBELO.com д-р Елена од Берово за уникатното запросување.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-1.jpg

Пред неколку дена во Итната медицинска помош при Здравствен дом Берово се случи уникатна ситуација.

Момче со своите другари ја изненади својата партнерка која држела смена и ја запроси сосема неочекувано.

Станува збор за Елена Ковачовска (27), дипломиран доктор по општа медицина која стажира во Итната медицинска помош и нејзиниот, сега веќе вереник, Андреј Папалиски (32) кој има сопствен бизнис и се занимава со угостителство.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-08.jpg

За CRNOBELO.com Елена раскажува подетално за запросувањето:

„Заедно сме 7 години и имаме разговарано на оваа тема неколкупати, знаев дека ќе биде изненадно и нешто уникатно, бидејќи тој е оригинален и секогаш се води од емоциите.

Запросувањето се случи за време на мојата втора смена во Итната медицинска помош, не очекував воопшто. Беше понеделник, обична вечер и со докторот бевме на повик на домашна посета кај пациентка.

На враќање накај Здравствениот дом ме побара Андреј и ме праша каде сум и за колку време ќе се вратам за да дојде да ме види.

Му одговорив и ние се вративме, после тоа ме побара уште еднаш да ме праша од која страна да дојде и му кажав. Во овој момент ни на крај на памет не знаев што ме чека.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-05.jpg

За кратко заѕвони ѕвончето и ние станавме на штрек мислејќи дека е некој пациент. Но внатре влезе Андреј со сите негови најблиски другари.

Веднаш клекна пред мене со прстен и ме побара за жена. Тој немаше воопшто трема.

Јас бев во шок иако очекував да ме запроси со оглед на тоа што сме заедно долго време, ни на крај на памет не мислев дека ќе се случи баш тогаш и таму. Секако, бев пресреќна и кажав „да“.

После тоа отидовме во ресторан каде што беа сите наши најблиски да прославиме.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-03.jpg

Отпосле ми кажа дека прстенот го имал купено пред една недела, случајно додека чекал другар и пиел кафе во Струмица му се јавил и го прашал од каде да купи.

Планирал цела недела како да ме изненади и имал неколку идеи, но оваа идеја ја добил утрото во понеделникот.

Сè друго организирал за еден ден. Ги повикал сите другари и сите дошле од различни места, нарачал букет и балони и побарал благослов од свештеник и од родителите. Ја побарал и директорката да каже што планира. 

Колегите пак, кои беа на смена вечерта исто беа изненадени, првпат вакво нешто се случило таму и се шегувавме дека и убави нешта може да се случат тука.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-06.jpg

Кога отидовме во ресторанот и моите беа исто изненадени како мене, беше навистина момент на шок и убави емоции за сите, бидејќи тие мислеа дека се собрани за да се почестат за новиот автомобил што го купи претходниот ден.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-02.jpg

Интересен момент беше што со колешката Марија еден час пред да се случи ова, разговаравме на оваа тема и ме праша за мене и Андреј, јас кажав дека не знам кога ќе се случи.

Таа ми раскажуваше за нејзината веридба и јас реков „И мене Андреј ако ме запроси ќе биде нешто изненадно и моментално“. Еден час подоцна се случи баш тоа.

doktorka-od-berovo-zaprosena-na-smena-vo-itna-medicinska-pomosh-mislevme-deka-e-pacient-toj-vleze-so-drugarite-i-klekna-10.jpg

Погледнете го видеото од запросувањето:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
61-годишна пациентка го роди своето прво бебе, Петар, на ГАК во Скопје: „Не постојат повеќе граници ... „Оваа мајка-херој како што ја нарекуваме е прва која е останата бремена со сопст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg