Медицинска сестра од Штип која директно се соочи со ужасот: „Денес, мајко Божја дај ни сила да го издржиме денов“
- Детали
- четврток, 20 март 2025
„Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, како роботи сме... Но, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе ги испратат на вечен спокој најмилите“, вели Билјана Рогожарска, медицинска сестра од Штип.
Билјана Рогожарска е медицинска сестра од Штип, која е само една од големиот број наши херои во бели мантали, кои со денови, без да се штедат, им помагаат на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани.
Билјана директно се соочи со ужасот и сите чувства што тој ги донесе во семејствата на повредените.
Таа се огласи на нејзиниот Фејсбук профил:
„Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, неверување, измешани емоции...
Работиме и живееме како роботи, некако чисто да се преживее денот.
Денес, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе ги испратат на вечен спокој најмилите.
Денес, мајко Божја дај ни сила да го издржиме денов.
А, утре? Е од утре – не знам што ќе се случува. Долг и тежок ќе биде патот на колективното закрепнување“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





