Пораснаа внуците на Тоше Проески - Нашиот ангел го даваше срцето за семејството
- Детали
- петок, 24 јануари 2025
За Тоше семејството беше светост. Тој ги обожаваше и не пропушташе можност да ги спомене неговите најблиски, а слаба точка му беше внукот Кристијан.
Тоше Проески утре (25.01) ќе го прославеше својот 44-ти роденден.
За жал, нашата легенда со ангелски глас ја изгубивме во далечната 2007.
Но, тој не е заборавен. Неговото присуство го чувствуваме секојпат кога ќе чуеме некоја негова песна на нашите радио станици или пак ќе погледнеме некоја стара фотографија од него.
Дури и фотографиите од неговото семејство ни враќаат спомени и ни прават топло на срцето.
Toше со неговата сестра Дора
Зошто? Затоа што за Тоше семејството беше светост! Тој ги обожаваше и не пропушташе можност да ги спомене.
Неговата сестра Дора до денес го негува споменот за него.
Во 2024-та внуците на Тоше го изгубија дедо им Никола Проески (таткото на Тоше)
Дора живее во родното Крушево со сопругот Славен и нејзините синови, односно внуците на Тоше, поголемиот Кристијан и помалиот Никола Ристески.
Никола
Љубовта кон музиката Тоше му ја пренесе на Кристијан, кој има снимено неколку песни, а уште како мал со Тоше ја отпеа „My little one“.
За разлика од Кристијан, кој е активен и на Инстаграм, за Никола нема толку информации, но од Фејсбук фотографиите на неговата мајка Дора може да видиме како изгледа денес (на фотографиите погоре).
Кристијан
Кристијан
Кристијан
Постари фотки од Тоше Проески:
Прочитајте и „Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - затоа беше голем“
С. С. | Црнобело