Пеце од Суперхикс: „Денес се навршуваат 17 години од смртта на мојот брат, ден подоцна загина и Тоше Проески“

„Е мој Тоше, џабе и ти ‘шушкаа молики’ и пееше за ‘руси коси’ и се прашуваше ‘што е тоа во луѓето..’ во држава која не го негува своето. Вечна слава и за брат ми и за Тоше!“, гласи дел од објавата на Пеце од Суперхикс, по повод споменот за починатиот брат и за Тоше.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-01.jpg

Петар Младеновски, познат како Пеце од „Суперхикс“, објави трогателен статус на неговиот Фејсбук профил по повод 17 години од смртта на неговиот брат Димитар, која се случила само еден ден пред да загине Тоше Проески.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-06.jpg

Toj сподели и заедничко ТВ гостување со Тоше во емисијата на Анета Кочишки.

Неговата објава гласи:

„Денес (15.10) се навршуваат 17 години од смртта на мојот брат Димитар Младеновски. Ден подоцна се случува и трагедијата во која загинува Тоше Проески.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-03.jpg

Ова е еден од ретките видео документи, кој некако случајно го ископав по цели 20 години, и еве го на Јутјуб - едно од ретките заеднички наши гостувања со него.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-04.jpg

Шоуто одеше на Канал 5, го водеше Анета Кочишки и се викаше ЧАО СКОПЈЕ.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-02.jpg

Убави времиња, убави луѓе, убави спомени..

Вечна слава и за брат ми и за Тоше!

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-05.jpg

П.С. Е мој Тоше...зборуваме за тоа како требало да се одвојат поп од рок листите и тоа некако не одело заедно.

Во меѓувреме нѐ поплави ‘турбото’ а за тебе и нас по училиштава ретко кое дете знае.

pece-od-superhiks-denes-se-navrshuvaat-17-godini-od-smrtta-na-mojot-brat-den-podocna-zagina-i-toshe-proeski-07.jpg

Џабе и ти ‘шушкаа молики’ и пееше за ‘руси коси’ и се прашуваше ‘што е тоа во луѓето..’ и ‘ти си немир"’во држава која не го негува и се грижи за своето“.

Нивното заедничко гостување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg